Јозеф Лада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јозеф Лада (чешки: Josef Lada, 17 декември 1887, Хрушице, Австро-Унгарија - 14 декември 1957, Прага, Чехословачка) - чешки сликар и писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Лада е роден во малото село Хрушице, во близината на Прага, каде се преселил на возраст од 14 години, работејќи како чирак-книговезец. Лада починал во Прага, а бил погребан на гробиштата Олшани.[1]

Во чест на Јозеф Лада, еден астероид е наречен „17625 Јозефлада“.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Биста на Јозеф Лада во Хрушице

За време на своето долгогодишно творештво, Лада создал околу 10.000 цртежи и илустрирал околу 50 книги. Тој е најпознат со илустрациите на делата на Јарослав Хашек. Притоа, неговата претстава на војникот Швејк е позната ширум светот, а речиси сите преводи на познатиот роман на Хашек ги содржат цртежите на Лада.[3] Лада нацртал речиси 600 цртежи на ликовите од романот за добриот војник Швејк.[4]

Покрај тоа што се бавел со сликарството, Лада напишал и голем број книги за деца,[5] од кои најпозната е онаа во која се опишани авантурите на малиот црн мачор Микеш.

Лада бил самоук, но успеал да создаде сопствен стил. Тој сликал пејзажи, фрески, а дизајнирал и костуми за драми и за филмови.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Jozef Lada“, во: Jaroslav Hašek, Doživljaji dobrog vojnika Švejka u Prvom svetskom ratu. Beograd: Mandala, 2016, стр. 606.
  2. Schmadel, Lutz (2003). Dictionary of Minor Planet Names, volume 1. Springer. стр. 847. ISBN 9783540002383. https://books.google.com/books?id=KWrB1jPCa8AC&lpg=PA847&ots=BGIMbTJaWH. посет. 12 август 2012 г. 
  3. „Jozef Lada“, во: Jaroslav Hašek, Doživljaji dobrog vojnika Švejka u Prvom svetskom ratu. Beograd: Mandala, 2016, стр. 606.
  4. Hašek, Jaroslav; Lada, Josef, 1887–1957; Parrott, Cecil Sir, 1909–1984 (1973), The good soldier Svejk and his fortunes in the World War, Heinemann : in association with Penguin, ISBN 978-0-434-31375-4 
  5. „Jozef Lada“, во: Jaroslav Hašek, Doživljaji dobrog vojnika Švejka u Prvom svetskom ratu. Beograd: Mandala, 2016, стр. 606.