Јово Никушев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јово Никушев
Роден(а)17 јануари 1931
Скопје,  Кралство Југославија
Починал(а)18 август 2017
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањефудбалер

Јово Никушев (Скопје, 17 јануари 1931 - Скопје, 18 август 2017) — македонски фудбалер, еден од најпознатите и најуспешните фудбалски имиња во историјата на Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Никушев е роден на 17 јануари 1931 во Скопје. Уште како дете ја засакал фудбалската топка и како пионер започнал да игра во ФК Македонија, клубот кој по соединувањето со ФК Победа Скопје прераснал во најголемиот клуб во Македонија. По неколку години преминал во ФК Пролетер каде со своите другари постигнале забележителни резултати. Настапите на Јово ги забележале скопските тренери, па така добил покана да премине во тогаш најпопуларниот скопски клуб ФК Металец. Во Металец настапувал заедно со Миле Миланов, Јовица Јовановски, Коки Милошевски, Џинка Цинциевски, Диме Арсовски, Ѓуро Ефтимов, Томислав Димовски – Бучки, Петко Стојковски, Круме Андреевски и други познати фудбалски имиња во Македонија. Со Металец настапувал во втората сојузна лига на поранешна Југославија. Јово уште како фудбалер со 26 години бил назначен и за тренер на екипата, а имал и голем број настапи истовремено и како тренер и како играч. На тој начин, Јово ја започнал тренерската кариера. Ако како играч бил одличен, како тренер станува едно од најголемите тренерски имиња во поранешна Југославија и репрезентацијата на Македонија. Бил тренер на ФК Работнички во тогашната силна втора сојузна лига на поранешна Југославија.

Освен како клупски тренер, тој бил долгогодишен селектор на аматерската репрезентација на Македонија за време на поранешна Југославија. По осамостојувањето на Македонија Никушев од првото раководство бил поставен за прв селектор на младата репрезентација на Македонија. Како селектор тој го постигнал резултатот што до денес (2019) не е надминат. Најпрво ги победил младите репрезентации на Бугарија и Естонија со 7:0, а една од најсилните млади селекции на Европа, репрезентацијата на Данска со 5:2. починал во Скопје на 18 август 2017 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]