Јован Трпеноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Трпеноски
Роден 23 ноември 1935
Охрид
Починал 12 април 2022
Скопје
Националност Македонец
Познат јавен обвинител, адвокат и министер за внатрешни работи
Занимање правник
Роднини Бранко Трпеновски (брат)

Јован Трпеноски (23 ноември 1935, Охрид - 12 април 2022, Скопје[1]) - поранешен македонски јавен обвинител, адвокат и министер за внатрешни работи.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 23.11.1935 година во Охрид, каде го завршил основното и средното училиште.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во септември 1959 година, со среден успех 8,00. За време на студирањето бил стипендист на Сојузното јавно обвинителство на СФРЈ и Републичкото јавно обвинителство.[2]

Правосудниот испит го положил во септември 1963 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

По дипломирањето, засновал работен однос во Општинското јавно обвинителство Охрид, каде работел како Основен јавен обвинител сè до 1974 година.

Од 1974 година до 1984 работи како Окружен јавен обвинител во Скопје; во 1988 година именуван е за Јавен обвинител на Македонија, во текот на следните шест години бил јавен обвинител на Македонија, по што станал секретар за внатрешни работи во Извршниот совет предводен од Глигорие Гогоски, функција која ја извршувал во периодот 1989-1990 година. Во 2002 година, Трпеноски станал член на првиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата.[3]

По осамостојувањето на Македонија, поради својата работа како секретар за внатрешни работи, Трпеноски бил лустриран од Комисијата за верификација на факти, врз основа на тоа што потпишал налог за прислушување на телефонски разговори, како и поради тоа што, во својство на окружен јавен обвинител, поднел обвинение против едно лице.[3]

Во јануари 2017 година Вишиот управен суд ја поништил одлуката на Лустрациската комисија за поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јован Трпеноски, обвинител и адвокат, почина на 87 години“. Независен. 14.04.2022. Посетено на 16 април 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Јован Трпеноски на семрежната страница на АД Трпеноски
  3. 3,0 3,1 Јадранка Костова, „Тајната полиција учествуваше во создавањето неколку политички партии“, Фокус, број 1111, 20 јануари 2017, стр. 19-25.
  4. Паднаа одлуките за лустрацијата на Јован Трпеноски и Божин Павловски Архивирано на 29 јануари 2017 г. на семрежната страница на НоваТВ