Прејди на содржината

Јован Стојковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Стојковски
Роден 1906 година
Сриовец, Косовски Вилает, Отоманско Царство
Починал октомври 1944 година
Треска, ДФ Македонија, ДФЈ

Јован Зафиров Стојковски ( 1906 во Сриовец, Кумановско 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснал во сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование, тој се занимавал со земјоделство. Неплодната земја како и примитивниот начин на нејзината обработка, не им обезбедувал дури ни скромни услови за живеење. Бил вклучен меѓу првите во селото, во помагањето на народноослободителното оружено востание против окупаторот. Во Народноослободителната борба, тој стапил во 1943 година. Од формирањето на Треттата македонска ударна бригада учествувал во сите нејзини борби. Паралелно со ова се истакнал и во извршувањето на поединечни задачи. Така, успеал да зароби и двајца бугарски фашистички полицајци во Пелинце. Кон крајот на октомври 1944 година храбро загинал во борбите против Германците и балистите на реката Треска.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 264. На |first= му недостасува |last= (help)