Јован Стефановски-Жан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Стефановски-Жан
Роден(а)9 јуни 1948
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Починал(а)12 јуни 2019
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеархитект

Јован Стефановски-Жан Скопје, 9 јуни 1948 - Скопје, 12 јуни 2019) — македонски архитект, најпознат по делата како што се Милениумскиот крст на Водно, новиот театар во Скопје и преку 550 други објекти во Македонија и светот.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Стефановски е роден во Скопје на 9 јуни 1974 година. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје во 1973 година со темата „Аеродромска пристанишна зграда – Пелагонија”, кај проф. Георги Константиновски. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура. Работел во повеќе проектантски бироа и во сопствено проектантско студио „Еуроарт“ во Скопје, кое го основан во 1994 година. Се занимавал со публицистика. Објавил преку 60 написи посветени на архитектурата. Позначајни реализации: Банката во Пробиштип (1986), Домот на занаетчиите во Старата чаршија во Скопје (1990), Деловниот дистрибутивен центар „Машинопромет“ во Скопје (1990), фабричкиот комплекс „Иноспектар“ во Скопје (1998) и повеќе поединечни куќи во Скопје. Негови дела се и црквите Соборниот храм-Рождество на Пресвета Богородица во Скопје и црквата „Воскресение Христово”, Бутел, Скопје. Автор е и на плоштадот со фонатана и споменик на Итар Пејо во Прилеп и на фонтаната со коњаничка скулптура на Воин на коњ, Скопје.

Својата активност ја појавува и во сферата на публицистиката. И на театарската сценографија. Стефановски-Жан имаше богат општествен живот со функции на “БИМАС” на Интернационалниот клуб на македонските архитекти ИЦМА, при светската академија на архитекти ИАА.

Тој бил професор на Државниот универзитет во Тетово, потоа на МИТ Универзитетот - Скопје, на ААБ Универзитетот во Приштина, Косово, бил и декан и професор на ФОН Универзитет во Скопје, како и декан и професор на ЕПУ Универзитет во Перник, Бугарија. На крајот од кариерата бил визит професор на Државниот универзитет во Малта.

Во младоста Стефановски-Жан ја добил стипендијата на Француската Влада за постдипломски студии во Марсеј, Франција, а докторирал на Софискиот универзитет во Бугарија.

Починал во Скопје на 12 јуни 2019 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Advanced Control Techniques in Complex Engineering Systems: Theory and applications; Yuriy P. Kondratenko, Arkadii A. Chikrii, Vyacheslav F. Gubarev, Janusz Kacprzyk
  2. Почина познатиот македонски архитект Јован Стефановски – Жан