Јован Ристов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Ристов
Роден(а)1949
Починал(а)6 декември 2018
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеправник

Јован Ристов (роден во 1949 - Скопје, 6 декември 2018) — македонски правник, истакнат во сферата на заштитата на културното наследство.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристов е роден во 1949 година. Тој бил основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работел и во Националниот конзерваторски центар на Македонија и бил еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит. Починал во Скопје на 6 декември 2018 година.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Ристов бил автор на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.

  • Ристов Јован (2003), Споменичкото право во Република Македонија, том 1, Скопје: Републички завод за заштита на спомениците на културата;
  • Ристов Јован (1997), Споменичка терминологија: генерички поими за заштитени добра со избор на дефиниции, Скопје: Републички завод за заштита на спомениците на културата;
  • Ристов Јован (1997б), „Основи на системот на правна заштита на културното наследство во Република Македонија“, во Група автори, Да го заштитиме културното богатство: прирачник, Скопје: Царинска управа на Република Македонија, сс. 7-19;
  • Ристов Јован и др., „Меѓународен совет за споменици и места, Избор на прописи за заштита на културното наследство“, Скопје 2005;
  • Ристов Јован, Хашкиот протокол од 1999 година – заштита на културните добра во случај на вооружен судир, Македонска цивилизација, Скопје, 2002 г.;
  • Ристов Јован, Инструменти за заштита на културното наследство, Прин Поинт, Скопје, 2008 година;

Наводи[уреди | уреди извор]