Јован Марко
Јован Марко | |
---|---|
Св Марко од Франс Халс, г. 1625. | |
Епископ на Библос | |
Починал(а) | 1 век, наша ера |
Почитуван(а) во | Римокатоличката црква, Источна Католичката црква |
Слава | 27 септември |
Јован Марко { (грчки: Μάρκος) - Апостол Марко наречен Јован бил еден од Седумдесетте апостоли Христови апостоли. Апостол Лука го спомнува во Дела на светите апостоли 12:25; 15: 37-39). Внук на апостол Варнава и ученичка на апостол Павле.
Марко, наречен Јован, се споменува во Делата на апостолите (Дела 12:25} и Дела 15:37). Тој бил жител на Ерусалим, син на одредена Марија, чиј дом бил место на молитвени собирања за апостолите и членовите на Ерусалимската црква. Апостол Петар дошол во нејзината куќа по чудотворното ослободување од затворот. оттука, ги оставил во Ерусалим Варнава и Павле и го зел со себе Јован- Марко. Во своите дела пишувал за учеството на Јован- Марко во проповедите од Саламис на Кипар, (Дела 13: 5).
Во исто време, врз основа на изразот „за услуга“ (διακονια) употребен во текстот, се претпоставува дека Јован- Марко бил ѓакон.
Кога Павле и неговите придружници го напуштиле Кипар и отишле во Памфилија, Марко се раздели од нив и отшол во Ерусалим (Дела 13:13).
Тој бил епископ на градот Библос во Феникија.
Во Православна црква, се слви 10 октомври (27 септември според стариот стил) Јован Марко се слави заедно со апостол Зина и на 17 јануари (4 јануари според стариот стил) на денот на Собирот на седумдесеттите свети апостоли а во Католичка црква на 27 септември.
Огромното мнозинство на современи истражувачи се убедени дека сите спомнувања и записи за на Јован Марко , наречени Марко, во Новиот завет се однесуваат на иста личност.
Несигурната разлика помеѓу Апостол Марко (Евангелист) и Јован Марко (како и друг Марко вклучен во една од варијантите на списокот со 70 апостоли) се појавила само во доцната црковна традиција која е без основа[1],[2],[3].