Јован Корубин
| Јован Корубин | ||
| Роден | 9 март 1948
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Починал | 21 ноември 2006
Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | социолог професор | |
Јован Корубин (роден на 9 март 1948 година во Скопје - починал на 21 ноември 2006 година во Скопје) — македонски социолог и универзитетски професор.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Јован Корубин основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1975 година, магистрирал на Правниот факултет во Белград во 1984 година и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Научната интелигенција во структурата на македонското општество“ (1992).
Бил избран за асистент (1977), за предавач (1984), за доцент (1992), за вонреден (1997) и за редовен професор по предметите Социологија на правото и Социологија на масовните комуникации на Филозофскиот факултет во Скопје (2002). Објавил преку 70 научни труда од областа на социологијата[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Корубин“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 740. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Професор д-р Јован КОРУБИН“ (PDF). Младеновски, Ѓ. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk. Посетено на 2020-08-16. Надворешна врска во
|publisher=(help)