Јованка Орлеанка (опера)
Јованка Орлеанка | |
---|---|
опера од Џузепе Верди | |
Title page of a variant of the first edition vocal score | |
Либретист | Темистокле Солера |
Јазик | италијански |
Базирано на | Шилеровата драма Девицата од Орлеан |
Премиера | 15 февруари 1845 Ла Скала, Милано |
Јованка Орлеанка — опера, во три чина со пролог на Џузепе Верди.
Темистокле Солер според драмата Девицата од Орлеан од Фридрих фон Шилер.
Премиера
[уреди | уреди извор]15 февруари 1845 година, Милано.
Ликови и улоги
[уреди | уреди извор]Шарл VII, француски крал - тенор
Јакоб, овчар од Дом-Реми - баритон
Јованка (Жан), неговата ќерка - сопран
Дели, кралски офицер - тенор
Талбот, наредник на англиските сили - бас
кралски офицери, жители на Ремс, француски и англиски војници, добри и зли духови, благородништво, гласници, пажеви, девојки, претставници, селани, витези, дами (хор).
Место и време
[уреди | уреди извор]Дом-Реми и Ремс во XV век, за време на Стогодишната војна.
Содржина
[уреди | уреди извор]Пролог
[уреди | уреди извор]- Сцена I
Голема сала во замокот Дом-Реми. Кралот Шарл им кажува на селаните и офицерите за сон во кој видел светилиште и во кој му било кажано да ги посвети својот меч и шлем на Дева Марија. Селаните веруваат дека тоа место е опседнато од зли духови.
- Сцена II
Шума. Јованка се моли пред ликот на Богородица. Таа се гледа себеси растргната помеѓу земните и небесните сили на љубовта и верува дека го слуша повикот да ја ослободи Франција. Таа го охрабрува кралот и покажува одлучност да го следи. Нејзиниот татко, кој го слушнал тој разговор, се откажува од неа.
I чин
[уреди | уреди извор]- Сцена I
Англиски камп во околината на Ремс. Англиските војници слушнале за небесниот повик на Јованка и се плашат од претстојната битка. Нејзиниот татко сака да му се одмазди на Шарл, за кого верува дека ја завел неговата ќерка и е подготвен да ја предаде на англиската војска.
- Сцена II
Градината во кралската палата во Ремс. Јованка по победата над Англичаните сака да си оди дома и да се врати на едноставниот живот. Шарл ѝ изјавува љубов и бара од неа да го круниса. Јованка се плаши дека земната љубов ќе биде посилна од небесната.
II чин
[уреди | уреди извор]Плоштад пред катедралата во Ремс. Додека народот ја слави Јованка, нејзиниот татко ја обвинува за вештерство, а Шарл за богохулење. Мислејќи дека навистина е виновна, Јованка не се брани. Народот бара таа да биде избркана и Јакоб да ја предаде на Англичаните.
III чин
[уреди | уреди извор]Англиска тврдина, недалеку од бојното поле. Во затворот Јованка моли да биде ослободена и Небесните сили да ѝ простат, за повторно да ја предводи француската војска. Јакоб сфаќа дека неговата ќерка е невина и ја ослободува. Јованка ја извојува победата и го спасува Шарл, но и самата е смртно ранета. Сите ја оплакуваат Јованка, која ѝ се предава на Богородица, како што тоа го сторила и во шумата кај Дом-Реми.
Познати музички нумери
[уреди | уреди извор]- Sotto una quercia (Под еден даб) - кралската каватина од I чин
- Sempre all'alba (Секогаш во зори) - Каватина на Јованка од I чин.
- O fatidica foresta (Шумо убава, чуј) - Романсата на Јованка од вториот чин
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Либрето
„Јованка Орлеанка (опера)“ на Ризницата ? |