Јестебург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јестебург
Општинското собрание на Јестебург
Општинското собрание на Јестебург
Грб на Јестебург
Јестебург is located in Германија
Јестебург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Харбург
Општ. заед. Јестебург
Месни единици 6
Градоначалник Удо Хајтман (СДП)
Основни податоци
Површина 27,97 км2
Надм. височина 34 м
Население 7.969 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 285 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WL
Пошт. бр. 21266
Повик. бр. 04181, 04183
Местоположба на Јестебург во рамките на округот Харбург
Карта
Координати 53°18′28″N 9°57′15″E / 53.30778° N; 9.95417° E / 53.30778; 9.95417Координати: 53°18′28″N 9°57′15″E / 53.30778° N; 9.95417° E / 53.30778; 9.95417

Јестебург (германски: Jesteburg) — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри јужно од Хамбург и 6 километри источно од Бухолц во Нордхајде.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија[уреди | уреди извор]

Јестебург се наоѓа 10 километри северно од Линебуршкото Поле.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината Јестебург се состои од местата Иценбител, Рајндорфер Остербер, Лилау и Виденхоф.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото официјално споменување на Јестебург е во 1202 година, во документ потпишан од Хартвиг II, надбискуп на Бремен.

Замокот од каде местото го добило името се верува дека го чувал преминот на Зеве до XIII век. Остатоци од овој замок денес не постојат.

Во 1872/73 година била изградена железничката линија помеѓу Бухолц во Нордхајде и Линебург низ самото место која работи и денес.

При сојузничките напади на големиот град Хамбург во јануари 1943 година, неколку бомби завршиле во Јестебург, при што неколку градби биле уништени. На 19 април 1945 година, железничкиот мост бил разнесен од Вермахтот за да го успорат напредувањето на британските трупи.

Помеѓу 1933 и 1945 година, населението на Јестебург скоро се удвоило, главно поради бегалците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]