Прејди на содржината

Јерерујк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јерерујк
Урнатините на базиликата Јерерујк
Религија
ПрипадностЕрменска апостолска црква
ProvinceШирак
СтатусРуинирана
Локација
ЛокацијаАнипемза, Ширак Провинција,
Ерменија Ерменија
Јерерујк is located in Ерменија
Јерерујк
Shown within Ерменија
Географски координати40°26′23″N 43°36′33″E / 40.439722°N 43.609167°E / 40.439722; 43.609167
Архитектура
ТипБазилика
СтилЕрменија
Завршена во4-5 век
Висина (max)100 стапки 0 инчи (30.48 м)

Јерерујк (ерменски: Երերույքի տաճար, Yereruyki tachar) е археолошко наоѓалиште во кое е сместена, изградена една од најстарите антички ерменски цркви[1]. Сместено е во близина на селото Анипемза, во провинција Ширак во Ерменија. Јерерујк е изграден во близина на реката Ахорјан, кој всушност е природната границата помеѓу Ерменија и Турција, на 5 километри југоисточно од античкиот град Ани. Таа е една од најстарите сочувани христијански цркви во Ерменија таа е ставена на листата УНЕСКО, на Списокот на светското културно наследство. Оваа базилика е една од најстарите примери на ерменската архитектура од рана христијанска уметност, а нејзината изградба започнала во 4 век а базиликата конечно била завршена во 6 век[2].

Етимологија и историја

[уреди | уреди извор]

На Ерменски јазик Јерерујк значи за тресење. Според традицијата, храмот го добил името по архитектонски изглед при што од далечина, се чинело дека зградата се тресе. Според истакнатиот ерменски архитект Торос Тораманијан, Јерерујк е јасен и можеби најраниот пример на базилика не само во ерменските црковни градби туку и во христијанскиот свет воопшто[3].

Базиликата

[уреди | уреди извор]

Објектот се состои од три странични брод, изградена со дебели sидови. На западната, северната и јужната страна на базиликита се аркади, два мали параклиси до апсида и две апсидни ниши на крајот на страничните арки. Базиликата веројатно била покриена со дрвени потпори. североисточниот параклис е најголемиот дел од двата надвижни сводови, од кои едниот е кос, поголем во близина на бродот Оваа базилика има големи сличности во градежништвото со сириските базилики, бидејќи сите имаат кули на западната фасада и украсни ленти на прозорците. Базиликата била насликана со голем ансамбал на фрески но, денес се зчувани само фрагменти покрај апсидниот прозорец на западниот портал[4].

Галерија

[уреди | уреди извор]

Делови од црквата, како и карти за нејзината географскка локација

  1. „Yererouk Basilica“. Архивирано од изворникот на 2021-05-31. Посетено на 2020-04-03.
  2. basilica
  3. yererouk
  4. armenian church yererouk