Јелоустонска Калдера
Јелоустонска Калдера Yellowstone Caldera | |
---|---|
![]() Североисточниот дел на Јелоустонската Калдера, со Јелоустонска Река која тече низ долината Хајден и калдерата во далечината | |
Највисока точка | |
Координати | 44°24′N 110°42′W / 44.400° СГШ; 110.700° ЗГДКоординати: 44°24′N 110°42′W / 44.400° СГШ; 110.700° ЗГД |
Географија | |
Место | Национален парк Јелоустон, Вајоминг, САД |
Матичен венец | Карпести Планини |
Топокарта | Национален парк Јелоустон |
Геологија | |
Старост на карпата | 2.100.000–70.000 години[3] |
Вид | калдера[2] и супервулкан |
Искачување | |
Најлесен пат | Пешачење/автомобил/автобус |
Координати: 44°24′00″ N; 110°42′00″ W / 44.400000° СГШ; 110.700000° ЗГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница
Јелоустонска Калдера – вулканска калдера во Националниот парк Јелоустон во Соединетите Американски Држави. Калдерата се наоѓа во северозападниот дел на Вајоминг, а нејзиниот најголем дел го зафаќа паркот Јелоустоун.
Според проценките пречникот на калдерата се движи од 55 км до 72 км кој го утврдил Геолошкиот институт на САД со геолошки испитувања на теренот кои ги спровела екипа која ја предводел Боб Кристијансен во 60-тите и 70-тите години на XX век.
После емисијата во рамките на научната програма на Би-би-си во 2005 година, кога е скован поимот супервулкан, оваа калдера се нарекува и Јелоустоунски Супервулкан.
Откривање[уреди | уреди извор]
Геологот Боб Кристијансен и неговата екипа го испитале подземјето на Јелоустон и наишле на значајни количини на стврдната пепел со дебелина од околу 30 сантиметри. Кристијансен заклучил дека пепелта мора да потекнува од ерупција на некој вулкан кој денес не постои, бидејќи во Јелоустон не успеал да најде никаков угасен вулкан, ниту негова калдера. Сепак почна да се сомнева дека Јелоустон е дел на некој стар вулкански систем, но за тоа немал докази.
Во 1973 година, професорот Боб Смит, вулканолог од универзитетот во Јута, го проучувал местото каде го поминал поголемиот дел од својата служба. Од еден остров во езерото Јелоустон забележал две појави кои го збуниле. Прво, еден понтон, кој порано се користел за премин, се нашол под вода, и второ, на јужниот крај на езерото стеблата на дрвјата потонале во езерото за околу 30 сантиметри.
За откривањето на калдерата придонела НАСА која го избрала Јелоустон како показно место за испитување на нов модел на инфрацрвен фотоапарат наменет за испитување на Месечината. Нешто подоцна негови слики се добиени од сателитот Лендсат.
На снимките калдерата е воочена како огромно слегнување меѓу планинските вериги и се простирала од североисток кон југозапад неверојатни 70 х 30 км. Професорот Смит побарал од НАСА детално да се испита целото подрачје. Милиметарски точните испитување покажале дека површината на паркот, од првите мерења изведени во 1923 година, се подигнала за цели 74 сантиметри. Постоело само едно објаснување за таквата појава – голем резервоар на магма под земјата на Јелоустон. Скриен и притаен супервулкан.
Потоа Кристијансен открил остатоци на дури три калдери. Со различна старост, буквално биле насложени една преку друга. Дошол до докази дека последната ерупција на Јелоустон се одиграл пред околу 630.000 години и дека тогаш со пепел ја посипала половината од површината на денешните САДСоединетите Американски Држави. Втората ерупција била пред 1,2 милиони, а третата пред 1,8 милиони години. Ова откритие предизвикало особено внимание и злослутни претпоставки во јавноста кога се сфатило дека се наоѓаме токму во времето кога би требало да дојде до нова ерупција на Јелоустон. Односно, ерупцијата веќе требало да се случи, но од некои причини доцни. Се работи за ерупција која со својата снага би можела да ги уништи не само САД, туку, можеби да го загрози и целото човештво.
Опасност[уреди | уреди извор]
Стручњаците на НАСА утврдиле дека под Јелоустон, на длабочина од 8.000 метри, се наоѓа најголемата комора на магма која е откриена. Исполнета со магма и гас под голем притисок, полека го турка тлото на калдерата нагоре. Боб Смит потоа открил дека на длабочина од 5.000 метри температурата е 350 °C (температурата на магмата е околу 1500 степени). Хидротермалните извори и гејзирите, распространети по скоро цела површина на Јелоустон, не се ништо друго туку пукнатини низ кои овој супервулкна дише и го ослободува вишокот притисок. Секоја година ова подрачје го погодуваат меѓу 1.000 и 2.000 потреси, за среќа со не голем интензитет. Тие укажуваат на активноста на супервулканот.
Студиите и анализите покажуваат дека најголемиот ризик доаѓа од хидротермалната активност која се случува независнот од вулканската активност. Преку 20 големи кратери се добиени во последните 14.000 години од ледниците со повлекување од Јелоустон.
Понатамошните истражувања покажале дека Јелоустон предизвикува и потреси на големи далечини, како што во 1992 година земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала во калифорниската пустина Мохаве покренал серија потреси – во Денала оддалечена 1300 км и на Алјаска оддалечена 3200 км – што довело до засилена активност на многу гејзири и изливање на врела вода и неколку месеци после земјотресот.
Управникот на Јелоустонската опсерваторија, Џек Лоунстерн предложил засилен надзор од страна на Геолошкиот институт на САД и класификација на Јелоустон како закана со највисок ризик.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Јелоустонска Калдера“ на Ризницата ? |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ USGS. „Yellowstone Volcano Observatory“. United States Geological Survey.
- ↑ „Yellowstone“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
- ↑ Lowenstern, Jacob B.; Christiansen, Robert L.; Smith, Robert B.; Morgan, Lisa A.; Heasler, Henry (May 10, 2005). „Steam Explosions, Earthquakes, and Volcanic Eruptions—What's in Yellowstone's Future? – U.S. Geological Survey Fact Sheet 2005–3024“. United States Geological Survey. Наводот journal бара
|journal=
(help)
|