Прејди на содржината

Јелена Лужина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јелена Лужина
Родена 26 мај 1950
Дубровник, СФРЈ СФР Југославија
Националност Хрватка
Занимање универзитетска професорка

Јелена Лужина (26 мај 1950 Дубровник, Република Хрватска) е професорка на Факултетот на драмски уметности во Скопје.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Филозофски факултет во Загреб на темата „југословенска и компаративна книжевност“.[2] Во Хрватска работела како менаџер во културни институции, драматург и наставник во високото образование.[3]

Од 1987 година, живее и работи во Македонија, како сопруга на познатиот македонски писател Коле Чашуле.[4] Докторирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Била професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот „македонска драма и театар“.

Доаѓањето во Македонија, запознавањето одблизу со македонската култура и уметност, како и вонредната нејзина желба да се создаде нова научна театролошка мисла, според нејзините зборови, овозможуваат да ги постави сериозните основи на театрологијата и да воведе нов начин на театролошка едукација во Македонија.[3]

Иницирала отворање постдипломски студии по театрологија на ФДУ. Член е на ДПМ и на македонскиот ПЕН-центар.

Во 1999 година го основала Институтот за театрологија.

Била организатор и раководител на театролошкиот симпозиум на фестивалот „Војдан Чернодринкси“ во Прилеп и е добитник на наградата за животно дело Војдан Чернодрински.[3]

Автор е на студиите „Македонска битова драма“[5]“, „Нова македонска драма[6] и „Театралика“[7], како и на повеќе теориски и есеистички студии од областа на театрологијата како монографијата „Прличко“[8] и анталогијата „Нова европска драма“.[9]

Ја реализирала првата македонска дигитална театарска енциклопедија „Театарот на почвата на Македонија“ (2003), за која заедно со тимот ја добива највисоката државна награда за наука Гоце Делчев, истата година.

Го втемелила Музејот на МНТ, кој е виртуелен/дигитален проект.[3]

Нејзината книга „Марин Држиќ: Комедии и пасторали“ во 2009 година ја доби наградата Davidias, која Друштвото на хрватските писатели ја доделува за најдобар превод на хрватската книжевност објавен во странство.[3]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лукови“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 809. Text "series " ignored (help)
  2. „ФДУ - пензионирани наставници“.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Јелена Лужина“. Архивирано од изворникот на 2018-12-17.
  4. „Тој и Тие“.
  5. Лужина, Јелена (1996). Македонска битова драма. Скопје.
  6. Лужина, Јелена (1996). Нова македонска драма. Скопје.
  7. Лужина, Јелена (2003). Театралика. Скопје.
  8. Лужина, Јелена (2004). Прличко. Скопје.
  9. Лужина, Јелена (2004). Нова европска драма. Скопје.