Прејди на содржината

Јелена Лазаревиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јелена Лазаревиќ
Принцеза на Зета; Голема војвотка на Хум
Детаљ од Цар Лазар и неговото семејство (1860)
Роден(а)1365/1366
Прилепац близу Ново Брдо, Српско царство (денешно Косово)
Починал(а)1443
Бешка, Скадарско Езеро, Српско Деспотство
Сопружник
ДецаБалша III
Династија
ТаткоЛазар Хребељановиќ
МајкаМилица Хребељановиќ
ВероисповедСрпска православна црква
ЗанимањеБлагородник
Писател

Јелена Лазаревиќ (1365/1366 – 1443 година), позната и како Јелена Балшиќ Храниќ, Јелена Балшиќ и Јелена Косача, била средновековна српска принцеза, ќерка на принцот Лазар Хребељановиќ и принцезата Милица Немањиќ. Таа значително влијаела врз начинот на кој нејзините сопрузи, прво Ѓураѓ II Балшиќ, а потоа Сандаљ Храниќ Косача, и нејзиниот син Балша III управувале со кралствата. Јелена ги охрабрила да се спротивстават на венецијанското посегнување на територијата што и припаѓала на Зета, средновековната српска држава управувана од Ѓураѓ II, а по неговата смрт од Балша III. Таа е позната и како писател на епистоларната литература, а особено нејзината кореспонденција со Никон од Ерусалим, монах во манастирот Горица на Скадарското Езеро (Црна Гора). Нејзините три посланија се дел од Горичкиот зборник, средновековна збирка.

Име[уреди | уреди извор]

Тврдина Алаџа Хисар

Прекарот на Јелена бил „Госпоѓа Лена“ или „Учената“.[1] Во некои англиски извори таа таа е именувана како Хелен.[2] Таа била родена како Јелена Лазаревиќ. По нејзиниот брак со Ѓураѓ II Балшиќ, нејзиното име било Јелена Балшиќ, додека по бракот со Сандаљ Храниќ понекогаш била нарекувана Јелена Балшиќ-Храниќ или Јелена Храниќ. Во еден венецијански документ од 1409 година таа е именувана како „Magnifica Domina Elena“.[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Семејство[уреди | уреди извор]

Јелена била родена во 1365 или 1366 година како трета ќерка напринцезата Милица Хребељановиќ и Лазар Хребељановиќ. Нејзината мајка припаѓала на династијата Немањиќ, додека нејзиниот татко бил основач на династијата Лазаревиќ Тој ја создал Моравска Србија, најголемата и најмоќната држава што излегла од урнатините на Српската империја Па така, Јелена била член на највисоката српска аристократија Родена во Прилепац, атаадетството го поминала во Крушевац, каде што живеела сè додека не се омажила за својот прв сопруг Ѓураѓ II Балшиќ во 1386 година. Со него имала едно дете, синот Балша III, роден во 1387 година.[4] Балша III имал три деца, и тоа: син чие име не се знае и две ќерки - Јелена и Теодора. Неговиот син починал на многу млада возраст во 1415 година.[5] Во 1424 година, ќерката на Балша, Јелена, се омажила за Стефан Вукчиќ Косача и станала мајка на кралицата Катерина Косача и Владислав Херцеговиќ.[5]

Брак со Ѓураѓ II Балшиќ[уреди | уреди извор]

Манастирот Доњи Брчели бклизу Бар, основан од Јелена Балшиќ

Јелена се омажила за Ѓураѓ II Балшиќ во 1386 или 1387 година.[6] По овој брак, во поголемиот дел, ако не и во цела Зета, било прифатено сузеренството на Лазар Хребељановиќ.[7] Кога султанот испратил војска да ги нападне териториите на Ѓураѓ II на почетокот на 1392 година, Јелена отпатувала во Република Рагуза (денешен Дубровник) за да ја избегне опасноста. На 1 јуни 1392 година, сенатот на Дубровник одлучил да испрати галија за да ја однесе во градот.[8] Ѓураѓ бил заробен од Османлиите во октомври 1392 година и бил ослободен само откако се согласил да им го отстапи Скадар. Тој успеал повторно да го заземе градот во 1395 година, но потоа го продал на Венецијанците, заедно со околните тврдини.

Јелена строго се спротивставувала на провенецијанската политика на Ѓураѓ II и неговата продажба на Скадар и други градови на Венецијанците. Таа била против Венецијанците бидејќи тие ги попречувале контактите меѓу Зетанската православна митрополија и Пеќската патријаршија, ги отсекле православните манастири околу Скадарското Езеро од приходите кои законски им следувале и се вклучиле во агресивна трговска политика, која значително гинамалила приходите на Зета.[9] Уште пред Првата Скадарска војна, таа била во спор со Венецијанците околу јурисдикцијата на Зетанската православна митрополија над православните цркви околу реката Бојана и црквата Свети Петар во Скадар.[10] Владеењето на 16-годишниот Балша III започнало во април 1403 година кога Ѓураѓ II починал од повредите здобиени во ноември 1402 година во битката кај Триполје. Во оваа битка Ѓураѓ II го поддржал Стефан Лазаревиќ во обид да го заштити престолот на српскиот деспотат од Ѓураѓ Бранковиќ. Јелена имала значително влијание врз начинот на кој Балша III управувал со Зета. Бидејќи тој бил малолетен кога го наследил престолот, таа всушност управувала со Зета како негов регент.[11] Во спорот меѓу Венецијанците и Зетанскиот митрополит назначен од Пеќската патријаршија, Балша III ги следел нејзините упатства и ги заштитил древните права на српската црква.[12]

Првата Скадарска војна[уреди | уреди извор]

Улцињската тврдина, седиште на Ѓураѓ II

Во 1405 година, Балша III, поддржан од Јелена, започнал десетгодишна војна против Венеција.[13] На почетокот на војната, Балша успеал да го заземе целиот Скадарски регион освен Скадарската тврдина. Венецијанците понудиле награда од 2.000 дукати за секој што ќе успее да ги убие и Балша и Јелена.[14] Кога Венецијанците за возврат ги зазеле Бар, Улцињ и Будва,[15] три од најважните пристаништа на Зета, Балша и Јелена побегнале од Улцињ во замокот Дриваст.[16]

Во 1409 година, Јелена решила да отпатува во Венеција за лично да преговара за мир. На крајот на мај, таа пристигна во Дубровник, но морала да чека речиси два месеци бидејќи нејзините домаќини ја предупредиле дека има наполитански галии во Јадранското Море.[17] На 9 јули 1409 година, додека сè уште чекала во Дубровник, Венеција го купила целиот далматински брег од Ладислав Анжујски за 100.000 дукати. Неаполското кралство повеќе не претставувало закана за Венецијанците. Со освојувањето на далматинскиот брег, Венецијанците дополнително го зголемиле своето влијание и моќ во регионот на Јадранското Море, што ја отежнало преговарачката позиција на Јелена. Кога конечно пристигнала во Венеција на крајот на јули, таа била финансиски уништена поради нејзиното долго патување. Венецијанците морале да ја поддржуваат со три дукати дневно за време на преговорите кои траеле следните три месеци.[18] На 26 октомври 1409 година, бил потпишан едногодишен мировен договор со венецијанскиот дужд Микеле Стено без територијални промени за која било од страните.[19] Јелена отпатувала назад во Зета преку Дубровник каде добила подароци во вредност од 100 дукати. Иако и таа и венецијанскиот претставник се заколнале во Евангелието дека ќе го почитуваат примирјето, во реалноста немало мир.[20]

Брак со Сандаљ Храниќ[уреди | уреди извор]

Благај, замокот на Сандаљ Храниќ каде Јелена живеела откако се омажила за него

Кога Ладислав Анжујски ги продал своите права над Кралството Далмација на Република Венеција и се повлекол од Балканот во 1409 година, многу локални благородници се здружиле со светиот римски император Сигизмунд и го прифатиле Остоја за крал на Босна. Ова сериозно ја ослабело позицијата на Хрвоје Вукчиќ Хрватиниќ, голем војвода од Босна, чија внука Катарина била втора сопруга на Сандаљ Храниќ, голем војвода од Хум. Во такви околности Сандаљ решил да се здружи со императорот Сигизмунд во средината на 1411 година и да воспостави поблиски врски со важниот сојузник на Сигизмунд, Стефан Лазаревиќ.[21] Во декември 1411 година, Сандаљ се развел од сопругата Катарина и се оженил со сестрата на Стефан, Јелена, на крајот на истата година.[22][23][24] Јелена се омажила за Сандаљ бидејќи сакала да ја зацврсти позицијата на нејзиниот син.[25] Со овој брак Сандаљ, најопасниот непријател на Балша III, станал негов очув и заштитник.[26] Иако ова ги влошило односите на Сандаљ со Хрвоје, ги зацврстило традиционално блиските односи со семејството Лазаревиќ.[27] Иако Јелена имала четириесет години, Сандаљ се надевал дека ќе имаат деца и во 1413 година вложил пари на трансакциска сметка во градот Дубровник за детето што на крајот ќе го добијат.[28]

Јелена отишла да живее со својот сопруг во неговиот замок во Благај во Херцеговина, додека Балша останал како единствен гувернер на Зета.[29] При неговиот втор брак, склучен во 1412 или на почетокот на 1413 година, Балша III се оженил со Боља, ќерка на Која Захарија, кој бил господар на Сати и Дагнум во Албанија.[30] Во 1413 година Балша издал повелба на црквата посветена на Свети Никола што ја изградил во манастирот Прашквица заедно со неговата мајка Јелена.[31]

Сандаљ имал суд во Нови (денешен Херцег Нови) каде поминувал некое време секоја година, обично во зима и пролет. Почнувајќи од 1424 година, Јелена поминувала добар дел од годината во овој замок, придружувана од нејзината сестра Оливера.[32][33]

Дубровник

На почетокот на февруари 1426 година на Јелена и на Сандаљ им била посветена специјална церемонија во Дубровник кога тие присуствувале на празникот на Свети Власиј, заштитникот на градот.[34] Јелена имала намера да биде погребана во црквата што ќе ја изградила во Дубровник. Првично, Дубровник бил заинтересиран да ја прифати нејзината желба под услов да им помогне да ја преземат контролата над Нови, нивниот ривал во трговијата со сол. Па така, Дубровник му предложил на Сандаљ да изгради православна црква и дом за стари и болни луѓе во 1434 година. Сандаљ умрел во 1435 година пред да одговори на нивниот предлог. Него го наследил неговиот внук Стефан Вукчиќ Косача кој бил син на братот на Сандаљ, Вукач. По смртта на Сандаљ, Јелена не се мешала во управувањето со царството кое претходно го контролирал нејзиниот сопруг, туку отишла да живее на море, веројатно во Нови. Во септември 1435 година Јелена ги замолила Рагузаните да ѝ дозволат да изгради црква во Дубровник во која ќе биде погребана. Бидејќи околностите се промениле по смртта на Сандаљ, Рагузаните го одбиле барањето на Јелена иако било поддржано од нејзиниот внук, српскиот деспот Ѓураѓ Бранковиќ, тврдејќи дека немале одобрение од папата.

Горички зборник[уреди | уреди извор]

Првата страница на Отписаније богољубно

Три посланија што Јелена му ги напишала на нејзиниот духовен советник биле вклучени во Горичкиот зборник, средновековна збирка. Денес само едно од нив, познато како Отписаније богољубно, е зачувано.[35]

Јелена го напишала својот тестамент на 25 ноември 1442 година. Врз основа на овој текст може да се заклучи дека таа имала своја библиотека и дека во 1441 година му рекла на нејзиниот канцелар Доберко Мариниќ да нарача корица за книга. Корицата била изработена од сребро и украсена со ликот на Исус. Ја изработил Андрија Изат, кој бил познат златар од Котор.[36]

Смрт[уреди | уреди извор]

Јелена најпрво ја реконструирала црквата Св. Ѓорѓија - изградена од Ѓураѓ II Балшиќ на островот Бешка на Скадарското Езеро, а во 1439/1440 година ја изградила како нејзина црквата Света Богородица до неа.[37] Таа била погребана во нејзиниот западен свод, во близина на јужниот ѕид на црквата. Целта ѝ била таа да постане нејзина крипта и да служи како духовен центар кој ќе ја продолжи ориентацијата на српската култура кон византиската православна духовност во овој историски последен период на српската средновековна државност. На овој начин Јелена ја потврдила својата лојалност кон традицијата на династијата Немањиќ и нејзиниот татко принцот Лазар во периодот кога можела да направи политички избор меѓу исламот и милитантниот католицизам. Заложбите на Јелена добиле дополнителна димензија имајќи предвид дека нејзиното дело е сведоштво за присуството на византискиот исихазам во Српското Деспотство.

Светите коски на Јелена Балшиќ биле ставени во новата реликвија направена од камен откако црквата Света Богородица што таа ја изградила на островот Бешка била реконструирана во 2002 година од страна на Црногорско-приморскиот митрополија.[38] Со одлуката на Црногорско-приморската митрополија во 2006 година таа била именувана како „Благоверна Јелена Лазарева Балшиќ“.[39]

Наследство[уреди | уреди извор]

Јелена Балшиќ била пофалена како извонредна жена која ја зачувала моќта на семејството Балшиќ во еден многу турбулентен период. Очигледно е дека имала силна личност веројатно слична на нејзината мајка, принцезата Милица Хребељановиќ.[40] Таа успеала да го оддржи културното наследство на Кралството Србија, а нејзиното творештво е високо ценето.[41]

Наградата за литература „Јелена Балшиќ“ била востановена во 2007 година од страна на Црногорско-приморската митрополија и се доделува на секои две години. Од 2013 година, негови лауреати се Ѓорѓе Сладоје, Жарко Команин, Ранко Јововиќ и Слободан Ракитиќ.[42][43]

Легенди[уреди | уреди извор]

Според некои легенди, таа била Јелена Обилиќ, вдовица на Милош Обилиќ.[44] Една од легендите за Јелена била запишана во Херцеговина. Според оваа легенда, Сандаљ ја прашал Јелена кој ѝ е омилен сопруг. Нејзиниот одговор бил дека таа ќе ги предаде и Сандаљ и Балшиќ само за уште еднаш да го види Милош Обилиќ. Сандаљ се налутил и Јелена морала да побегне од него. Додека била на пат кон Зета, во коприва родила момче кое било основач на семејството Копривица.[45]

Некои од зачуваните легенди за Јелена се: Пчелите на кралицата Јелена (Пчеле краљице Јелене/), Рибникот на кралицата Јелена (Рибњак краљице Јелене), Белиот камен (Вијели кам) и Косците на кралицата Јелена (Косци краљице Јелене).[46]

Предци[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Kralj, Milica (2008). „I Saw the Reflection in the Mirror“. Serbia, National REview. Посетено на 13 January 2013. The medieval chronicles state that Jelena Balšić, madam Lena or the Educated one, was "tall, with a slim waist, with milky white long cheeks, golden hair, wearing a diadem with numerous brilliants and sapphires at the top of her forehead"....Because of such interests, her contemporaries called her the Educated.
  2. Fine 1994

    ...Helen (Jelena)...)


  3. Rački, Franjo (1867). „Prilozi za sbirku srbskih i bosanskih listina“. Rad Jugoslavenske akademije znanosti i umjetnosti (хрватски). Yugoslav Academy of Sciences and Arts: 149–150. Посетено на 21 January 2013.
  4. Veselinović 2001

    ...а Јелену за Ђурађа Страцимировића Балшића. Са њим је Јелена имала само сина Балшу III,...)


  5. 5,0 5,1 Ekmečić, Milorad (1997). Zbornik za istoriju Bosne i Hercegovine. Serbian Academy of Science and Arts, board for history of Bosnia and Herzegovina. стр. 75. Посетено на 18 January 2013. Послије смрти зетског великаша Балше III иза њега није остало мушких потомака, већ само двије кћери: Јелена и Теодора које су живјеле под надзором Балшине мајке Јелене
  6. Fine 1994

    ...Helen (Jelena) married George II Stracimirovic Balsic in 1386/87...)


  7. Branislav Đerić (1989). Kosovska bitka: vojno-istorijska rasprava. Naučna knjiga. стр. 41. Посетено на 29 April 2013. врховно старешииство Лазарево тек од 1386. год. када је његова кћн Јелена била удата за Срацимировог сипа
  8. Jorjo Tadić (1939). Promet putnika u starom Dubrovniku. Turistički savez. стр. 62. Посетено на 27 January 2013. početkom 1392, ponovno ugrozile oblast Đura Balšića, on odluči da svoju ženu Jelenu, kćerku kneza Lazara, skloni u Dubrovnik. Dubrovčani su o tome raspravljali u Vijećima 1 juna 1392, pa su zaključili da pošalju svoju ga- leotu od 22 klupe
  9. Fine 1994

    ...Helen (Jelena) played an active role in Zeta's affairs under Balša...)


  10. Spremić 2004

    Још пре избијања Првог скадарског рата (1405–1413.), била је с њима у спору око надлежности зетског митрополита над православним црквама уз Бојану и над црквом Светог Петра у Скадру.)


  11. Евгениј Љвович Немировски (1996). Почеци штампарства у Црној Гори, 1492–1496. ЦНБ "Ђурђе Црнојевић". стр. 137. Посетено на 27 January 2013. Jelena je u stvari postala namjesnik svom 17-godišnjem sinu.
  12. Spremić 2004

    Држећи се поука своје мајке Јелене Лазаревић, кћери кнеза Лазара, Балша III. иступао је пред представницима Венеције као заштитник старих права Српске цркве. Даровао је неколико православних манастира и трудио се да се не окрњи надлежност православног митрополита Зете, кога је постављао пећки патријарх.


  13. Ćirković 2004

    У измењеној ситуацији после Ангорске битке породичну територију је преузео Ђурђев наследник Балша III (1403—1421), коме је помагала мајка Јелена Лазаревић. Они су се убрзо окренули против Венеције и упустили у десетогодишњи рат са њом.)


  14. Spremić 2004

    На његовом почетку, Млечани су уценили њену и главу Балше III. са 2000 дуката.


  15. Fine 1994
  16. Bešić 1970

    Јелена и Балша III побјегли су у тврђаву Дриваста.Тада је Марин Каравело, без изузетног притиска, обећавајућистановништву зетских приморских градова да ће их ослободитисвих работа током наредне три године и да ће вратити посједесвима онима којима их је ранији господар био одузео, придобиоопштинска вијећа у Улцињу, Бару и Будви да признају властРепублике.)


  17. Bešić 1970

    Јелена Балшић се ријешила да сама оде у Млетке и настави преговоре,.. била је већ крајем маја 1409. год. у Дубровнику и ту се задржала готово два мјесеца, јер су је домаћини упозоравали на опасност од напуљских галија које су се налазиле у Јадранскоме мору.)


  18. Spremić 2004

    Сенатори су утврдили да је "врло сиромашна", јер је, због дугог пута, све потрошила. Давали су јој, на име издржавања, по три дуката дневно, и у Венецији је остала пута три месеца.


  19. Srejović 1982

    Имала је то да искуси Јелена Балшић приликом преговора које је повела у Венецији, и који су трајали више месеци. Крајем октобра 1409. окончани су договором да се склопи мир на годину дана без територијалних промена ...)


  20. Spremić 2004

    Крајем октобра склопила је мир и, заједно с млетачким представником, заклела се на јеванђељу да ће га поштовати. Затим се, преко Дубровника, у коме је добила богате поклоне у вредности од 100 дуката, крајем 1409. вратила у Зету.[26] У њој, међутим, и даље није било мира.


  21. Bešić 1970

    Повлачење Ладислава Напуљског нагонило јебосанског краља и обласне господаре да се приближе Жигмунду.Сандаљ Хранић је већ крајем љета 1411. год. био на његовојстрани. Садшм тим успоставио је најбоље односе са српским дес-потом Стефаном.


  22. Fine 1975

    ...Sandalj divorced Hrvoje's niece and shortly thereafter married Jelena...


  23. Veselinović 2001

    Њему се прикључио 1411 и војвода Сандаљ Хранић. Крајем те исте године Балшина мајка Јелена се преудала за војводу Сандаља.)


  24. Spremić 2004

    ...Јелена се 1411. удала за босанског војводу Сандаља Хранића. Он је у децембру исте године напустио своју прву жену Катарину...)


  25. Евгениј Љвович Немировски (1996). Почеци штампарства у Црној Гори, 1492–1496. ЦНБ "Ђурђе Црнојевић". стр. 137. Посетено на 29 April 2013. Настојећи да учврсти положај свог сина, она се крајем 1411. удала за владара будуће Херцеговине Сандаља
  26. Spremić 2004

    До тада најопаснији противник Балше III, постао је његов очух и заштитник.)


  27. Fine 1975

    ...This marital change reflected both Sandalj's deteriorating relations with Hrvoje and his forging closer ties with Serbia. ... Good relations with Kosače and Stefan's family were not new ...


  28. Spremić 2004

    . Када је пошла новом мужу, Јелена је имала четрдесетак година....Остављајући у мају 1413. поклад у Дубровнику, предвидео је да га може подићи ако за њим остане "или син или девојка које би имао с реченом госпођом Јеленом", што показује да се није искључивала могућност да њих двоје имају деце.)


  29. Spremić 2004

    Када је пошла новом мужу, Јелена је имала четрдесетак година.... Јелениним одласком у Босну, у Зети је остао да влада Балша III, и даље веран идејама своје мајке


  30. Albanološki institut u Prištini 1968 p. 125: "Poznato je takođe da se Balša III krajem 1412 ili početkom 1413 godine oženio u drugom braku ćerkom Koe Zaharije"
  31. Boško Strika (1930). Srpske zaduzbine: Dalmatinski manastiri. Tiskara "Merkantile". стр. 264. Посетено на 14 June 2013. Ту је цркву године 1413 поднгао Балша III Стратимировић Балшић и његова мати Јелена, кћи косовског мучепика Св. Лазара
  32. Pomorski zbornik (српски). Društvo za proučavanje i unapređenje pomorstva Jugoslavije. 1982. стр. 574. Посетено на 14 January 2013. I Sandalj i Herceg Stefan imali su u Novome svoj dvor, gdje su provodili veliki dio godine, obično zimu i proljeće. Tu je provela veliki dio svoga života i Jelena Sandaljeva i njena sestra Olivera Bajazitova, ćerka kneza Lazara.
  33. Bešić 1970

    Уз Јелену је, колико се зна, већ од 1423. год., а можда и од-раније, живјела њена сестра Оливера,


  34. Spremić 2004

    Дубровчани су, по посебном церемонијалу, приредили војводи Сандаљу и Јелени свечани дочек првих дана фебруара 1426. године. Том приликом, Јелена је присуствовала највећој свечаности у Дубровнику, прослави Светог Влаха)


  35. Tomin 2000

    Једина у целини сачувана Јеленина посланица у науци је позната под називом Отписаније богољубно.)


  36. Elizabeth Jeffreys (12 October 2006). Byzantine Style, Religion and Civilization: In Honour of Sir Steven Runciman. Cambridge University Press. стр. 83. ISBN 978-0-521-83445-2. Посетено на 28 April 2013. in May 1441 through her envoy Doberko Marinić, whom she sent to the well-known goldsmith Andrija Izat in Kotor, she commissioned a silver-gilt book-cover with a figure of Christ. We learn that Doberko took the book, a model
  37. Евгениј Љвович Немировски (1996). Почеци штампарства у Црној Гори, 1492–1496. ЦНБ "Ђурђе Црнојевић". стр. 137. Посетено на 27 January 2013. ... се налазиле развалине цркве Св. Ђорђе. Јелена Балшић обновила је ову цркву и недалеко од ње подигла цркву...
  38. „Митрополиту Амфилохију награда града Крушевца“. Serbian Orthodox Church web site. Архивирано од изворникот на 8 March 2022. Посетено на 14 January 2013. Митрополија црногорско-приморска је 2002. године обновила манастир Бешку, а свете остатке Јелене Балшић похранила у нови камени ћивот.
  39. Nedeljković, Marija Maja D. (2010). „Blagovjerna Jelena Lazareva Balšić, bogoljubna vladarka i pesnikinja“ (српски). Beška Monastery web site. Архивирано од изворникот на 2013-09-25. Посетено на 20 January 2013. Како по свом животу и животном подвигу несумњиво припада Сабору Светих богоугодивших душа она је по благослову Митрополита црногорско-приморског Амфилохија 2006. године названа Благовјерна Јелена – Лазарева Балшић.
  40. Godišnjak Društva istoričara Bosne i Hercegovine: Annuaire de la Société historique de Bosnie et Herzégovine (српски). Društvo istoričara Bosne i Hercegovine. 1986. стр. 130. Посетено на 18 January 2013. Po svemu izgleda da je Jelena bila snažna ličnost, vjerovatno slična svojoj majci, kneginji Milici. Način kako Dubrovčani o njoj govore mogao bi to da potvrdi.
  41. Thomas Fleming (2002). Montenegro: the divided land. Chronicles Press. стр. 46. ISBN 978-0-9619364-9-5. Посетено на 12 January 2013. Jelena Lazarevic was a remarkable woman, capable of maintaining Balsic authority in very difficult times while preserving some of the cultural legacy of the Nemanjic kingdom. Her correspondence (on a variety of intellectual and everyday topics) has been praised ...
  42. V, R. „Blagoveštenjski sabor u manastiru Beška“. Svetigora. Посетено на 14 January 2013.
  43. Sonja Malavrazić. „Riznica: Nagrada "Jelena Balšić" SlobodanuRakitiću“. RTS website (српски). Посетено на 29 April 2013. Književna nagrada "Jelena Balšić" za životno delo prožeto pravoslavnom duhovnošću dodeljena je posthumno Slobodanu Rakitiću
  44. John Van Antwerp Fine; Bosnian Institute (2007). The Bosnian Church: its place in state and society from the thirteenth to the fifteenth centuries: a new interpretation. Saqi in association with The Bosnian Institute. стр. 211. ISBN 978-0-86356-503-8. Посетено на 18 January 2013.
  45. Glasnik Zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini. Zemaljska štamparija. 1928. стр. 61. Посетено на 18 January 2013.
  46. Stvaranje. Obod. 1985. стр. 261. Посетено на 26 January 2013.

Наводи[уреди | уреди извор]

За понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Mijatović, Čedomilj (1932), Kneginja Jelena Balšićka (српски), Belgrade: Jovanović i Vujić, OCLC 35021805 Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help) – republished in 1997 by Pešić i sinovi
  • Mira Milojković (1997). Gospođa moli za častan mir. Euro Miss. Посетено на 18 January 2013. – a novel
  • Tošić Đuro T. (2004). „Sandaljeva udovica Jelena Hranić“ (PDF). Zbornik radova. Vizantološki institut (Srpska akademija nauka i umetnosti). Посетено на 5 May 2013.[мртва врска]
  • Đidić, Ljubiša (2010), Kneginja Jelena Balšić : monodrama (српски), Kruševac: Istorijski arhiv, ISBN 9788682395638, OCLC 792742923 Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)
  • Nedeljković, Marija Maja D., Blagoverna Jelena Lazareva Balšić (српски), Svetigora

Надворешни врски[уреди | уреди извор]