Јежи Бартмињски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јежи Бартмињски
Јежи Бартмињски со еден од внуците (Варшава 2006)
Роден(а)19 септември 1939(1939-09-19)
Пшемишл, Полска
ЗанимањеЛингвист, етнолингвист, славист

Јежи Бартмињски (полски: Jerzy Bartmiński; 19 септември 1939 во Пшемишл, Полска) - полски лингвист, етнолингвист, фолклорист, славист, професор по хуманистички науки, редовен професор на Универзитетот „Марија Кири - Склодовска“ во Лублин како и при Институтот за славистика на Полската Академија на Науките и активен член на Полската Академија на Уметностите.

Биографија[уреди | уреди извор]

Образование и научна дејност[уреди | уреди извор]

Од почетокот на Втората светска војна до 1947 година живеел на парохијата на неговиот вујко Флориан Зајонц заедно со мајка му, постарите браќа (Станислав и Марјан), а исто така и помалата сестра Марија родена во 1941 година. Тој го започнал своето образование во основното училиште во тоа место. Подоцна студирал полска филологија на Универзитетот „Марија Кири - Склодовска“ во Лублин. Студиите ги завршил во 1961 година. Во 1971 година, по одбраната на својот труд на тема народен јазик, се стекнал со титулата доктор на науки. Во 1978 година хабилитирал на Хуманистичкиот оддел на Универзитетот каде студирал, со теза посветена на стилистичката етимологија.

Во 1991 година станал доцент, а во 1997 редовен професор. Од 1976 година управувал со работата на истражувачки тим, од што произлегол Одделот за текстологија и граматика на современиот полски јазик. Во периодот од 1992 до 2009 ја исполнувал функцијата раководител на одделот. Создал и две нови студиски насоки - украинска и белоруска филологија. Исто така станал и редовен професор на Институтот за славистика на Полска Академија на Науките.

Во 2008 бил избран како член кореспондент на Полската Академија на Уметностите, а на 14 јуни 2014 година како редовен член на таа институција во Првиот филолошки оддел. Член е и на жирито на Советот за полски јазик (за прв пат станал член во 1999 година).

Јежи Бартмињски е автор на околу 300 публикации. Во областите на неговиот научен интерес влегуваат проблемите на текстологијата, флексијата и стилот, семантиката, аксиолошкиот речник, видовите на полски фолклор, синтаксата, јазичните категории, етнолингвистиката(јазичната слика на светот и јазичните стереотипи).

Општествена и почитичка дејност[уреди | уреди извор]

Во седумдесеттите години заедно со неговата жена и во соработка со свештеникот Франќишек Блахњицки го основал движењето „Домашна црква“, кое било дел од поголемото движење за обнова на Римокатоличката црква, наречено „Оаза“. Од 1962 до 1982 бил член на политичката партија Обединета Селска Партија. Во 1980 година станал член на Солидарност, бил зачетник, ко-основач и претседавач на универзитетските структури на движењето, а исто така и член на президиумот на регионалниот одбор. Бил дел од зачетниците на движењето „Солидарност на семејствата“, давајќи си на себе задача помеѓу другото и за обнова на „ланецот од раце за добра волја“ во Полска. За време на воената диктатура во Полска бил интерниран на десетина дена во декември 1981 година. Од 1982 бил ангажиран за подземна дејност за движењето.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Син на Мјечислав и Франќиска Зајонц, брат на Станислав, Марјан, Марија, Флориан и Јан. Внук на Флориан Зајонц. Два пати женет, негова прва жена била Изабела Гурак, која починала во 1999 година и со која имал шест деца, а од 22 септември 2001 година е женет со Станислава Њебжеговска - Бартмињска.