Јева Дејановска
Изглед
Јева Соломанова Дејановска ( 1920 во Никифорово — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Нејзиниот сопруг бил меѓу првите борци на партизанскиот одред „Кораб“, а таа била активно вклучена во заднината на НОД веќе од летото 1942 година. Подготвувала храна и облека за борците во НОВ и била изложена на терор од италијанската полиција, а во нејзиниот дом биле вршени претреси. По палењето на селото (19-21 август 1943 година), се преселила во Гостивар каде активно се вклучила во заднината на НОД.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |