Јајчарка
Јајчарка | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Amanita |
Вид: | Јајчарка |
Биномен назив | |
Amanita caesarea (Scop.) Pers. (1801) | |
Синоними | |
|
Јајчарка (науч. Amanita caesarea) — вид на печурка. Јајчарката е печурка која се конзумира и може да се пронајде во Јужна Европа и Северна Африка. Иако научно била опишана во 1772 година од Џовани Антонио Скополи, печурката била познат деликатес меѓу водечката елита на Римското Царство.[1]
Име[уреди | уреди извор]
Латинското научно име на печурката е amanita caesarea. Најчесто користено македонски име во Македонија е „јајчарка“, но се користат и поимит „булка“, „царска печурка“ или „благва“.
Опис[уреди | уреди извор]
Зачетокот на печурката е во чаура во вид на јајце во бела боја од која излегува телото на печурката. Печурката претпочита топли и суви места, листопадни шумски предели. Најчесто може да се сретне во дабови шуми и насади на питом костен.
Шапката на печурката има големина од 8 до 30 см пречник. Во раната фаза на растот има јајцевидна форма, а потоа станува во вид на полутопка. Често е мазна. Дршката има големина од 5 до 15 см и е во цилиндрична форма.
Јадливост[уреди | уреди извор]
Оваа печурка е јадлива и е со извонреден квалитет. Само треба да се внимава, при самата берба, да не се помеша со видот на печурка мувоварка (Amanita muscaria), која е отровна,
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Volk, Tom. „Tom Volk's Fungus of the Month for March 2002“. Посетено на 17 November 2012.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Јајчарка на zelenaberza.com.mk
- „Јајчарка“ на zemjodelie.mk