Прејди на содржината

Јашуњски манастири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јашуњски манастир Свети Јован

Јашуњски манастири е споменичка целина која се наоѓа североисточно од Лесковац, во близина на селото Јашуња.

Опис[уреди | уреди извор]

Комплексот опфаќа два манастира од самиот крај на XV и почетокот на XVI век :

  • Манастирот Воведение на Пресвета Богородица, изграден во 1499 година година
  • Манастирот Свети Јован Претеча, изграден во 1517 година

Тие биле изградени во релативна близина еден од друг и во блиско време, а народното предание ги поврзува со припадниците на семејството Кантакузин. Според него, едниот од нив бил изградена како женски, а другиот како машки манастир, додека на половина пат помеѓу нив била направена заедничка трпезарија. Врз основа на постоечките извори, познато е дека на едниот сигурно бил ктитор еден Кантакузин и тоа извесен Андроник со неговите браќа, додека другиот бил подигнат од калуѓерката Ксенија, со сестрите. Оскудни историски податоци како за целата област на стара Дубочица така и за овие манастири и недоволната истраженост се причините поради кои овие вредни старини се уште се многу малку познати на културната, па и на научната јавност .

Фреска од манастирот Воведение на Пресвета Богородица во Јашуња

Оваа уметничка целина од 1983 година се наоѓа под заштита на Република Србија, како споменик на културата од големо значење .

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Група аутора (2007). Споменичко наслеђе Србије: непокретна културна добра од изузетног и од великог значаја (II измењено и допуњено изд.). Београд: САНУ. ISBN 978-86-80879-60-4

Надворешни врски[уреди | уреди извор]