Јатрвата Адамско колено

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јатрвата Адамско колено (српски: Јетрвица Адамско колено) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Една самохрана мајка ги одгледала своите два сина, Видо и Винко, а кога пораснале, ги оженила. По три години, двете невести родиле по едне син, но една година подоцна, жената на Винко се разболела и умрела. Пред смртта, таа ја замолила својата јатрва Ковиљка да се грижи за нејзиното сираче Мирко. Ковиљка го одгледала Мирко со истата грижа и љубов како и својот син Маринко. Кога двајцата наполниле 18 години, Мирко и Маринко биле мобилизирани во царската војска. Уште во првата битка, Маринко бил убиен, а девет години подоцна, по завршувањето на војната, Мирко се вратил кај стрина си.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јетрвица Адамско колено“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 434-437.