Прејди на содржината

Јас, капетанот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Јас, капетанот“ (италијански: Io capitano) – филм на режисерот Матео Гароне од 2023 година. Главните улоги ги играат: Сејду Сар, Мустафа Фал и Исака Савадого. Филм е премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, при што Матео Гароне ја освојил наградата „Сребрен лав“ за најдобра режија, а Сејду Сар бил прогласен за најдобар млад глумец. Исто така, филмот бил кандидат за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Сејду и Муса се момчиња од Сенегал, кои сонуваат да заминат во Европа. И покрај предупредувањето дека Европа не е таква каква што ја замислуваат, тие заминуваат на патот до земјата од соништата. Меѓутоа, патот е потежок отколку што можеле да замислат.