Јас, Даниел Блејк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јас, Даниел Блејк (англиски: I, Daniel Blake) - француско-британски филм од 2016 година, во режија на Кен Лоуч (Ken Loach), додека автор на сценариото е Пол Лаверти (Paul Laverty). Главните улоги ги играат: Дејв Џонс (Dave Johns), Хејли Скваерс (Hayley Squiers), Шерон Перси (Sharon Percy) итн.[1] [2] Во 2016 година, филмот ги добил наградата на екуменското жири, како и главната награда „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Вкупно, филмот освоил 16 награди и имал 24 номинации.[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Даниел Блејк (го глуми Џонс) е средовечен човек од Њукасл, кој долго време работел како дрводелец, но привремено останува без работа, поради срцев удар. Тогаш започнуваат неговите проблеми, бидејќи тој останува заплеткан во бирократската мрежа на социјалните служби. Еден ден, Даниел ја запознава самохраната мајка на две деца, Кејти (ја глуми Скваерс) и започнува да им помага. И Кејти користи социјална помош, но и покрај тоа, таа едвај успева да преживее. Не можејќи да најде работа, Кејти прифаќа да работи како проститутка. Кога Даниел ќе го открие тоа, станува многу потиштен, а засрамената Кејти ги раскинува односите со него. Даниел се наоѓа во безизлезна положба зашто социјалната служба му се заканува дека ќе му ја укине паричната помош. Очаен, тој ја запишува својата мака на ѕидот на центарот за социјална работа и поради тоа е приведен од полицијата. Најпосле, во придружба на Кејти, тој оди на состанок со социјалните работници, на којшто треба да се разгледа неговата молба за инвалидска пензија, но поради преголемата возбуда, тој умира од срцев удар.[4] [5]

Наводи[уреди | уреди извор]