Јасшаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жупанија Јас-Наѓкун-Солнок во Унгарија.
Детална мапа на Јасшага.

Јасшаг (или Јазигија) е етно-географска регија во Унгарија. Го опфаќа северозападниот дел на жупаниите Јас-Наѓкун-Солнок. Центар на регијата е градот Јасберењ. Јасшаг го населуваат Јаси, етничка група на Унгарци од аланско (осетско) потекло. Регијата има околу 85.000 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Во античкото време, оваа подрачје го населувал друг ирански народ познат како Јазиги. После пропаѓањето на Кралството Аланија на Кавказ во 13 век, дел од Аланите (познат под името Јаси) се преселил на запад и се населил во Кралството Унгарија. Тие го сочувале својот јазик сè до 15 век, но со време се асимилирале во Унгарци. Го сочувале, меѓутоа, својот јашки идентитет и регионална аутономија. Сè до османското освојувње на регијата во 16 век, Јасшаг бил автономна територија во рамки на Унгарија. По протерувањето на Османлиите од оваа подрачје кон крајот на 17 век, автономијата на Јасшаг е обновена. Регионот го задржал автономниот статус сè до 1876 година, кога станува дел од жупанијата Јас-Наѓкун-Солнок.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]