Јасмина Чакар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јасмина Чакар
Родена 4 јули 1939
Битола, Кралство Југославија
Починала 11 ноември 2020(2020-11-11) (возр. 81)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање пијанистка, универзитетска професорка

Јасмина Чакар (4 јули 1939, Битола11 ноември 2020, Скопје)[1]македонска пијанистка и универзитетска професорка на ФМУ во Скопје.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Музичката академија во Загреб (Д. Лукиќ, 1963 година). Магистрирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1976 година). Професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година. Концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Особено активен и ценет пијано-соработник, со реализирани над триста концертни вечери од тој вид со домашни уметници, како и со гостувачки солисти.

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „ПОЧИНА ПИЈАНИСТКАТА И МУЗИЧКИ ДОАЈЕН ЈАСМИНКА ЧАКАР“. Сакам Да Кажам. 11 ноември 2020. Посетено на 12 ноември 2020.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чалгии“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1613. Text "series " ignored (help)
  3. Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 251. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)