Јаси (Унгарија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква во Јасберење
Мапа на Јасшага (Јазигије) во Унгарија
Жупанија Јас-Наѓкун-Солнок во Унгарија

Јаси или Јази (унгарски: Јászok) се етничка подгрупа на Унгарци, која живее во Унгарија. Тие се од источноиранско потекло и потекнуваат од народот Алани односно Осети, а во минатото зборувале на јашки дијалект од осетски јазик. Денас зборуваат на унгарски и себеси се сметаат за Унгарци, но ја очувале и свеста за своето јашко потекло.

Географија[уреди | уреди извор]

Јасите живеат во регионот Јасшаг која се наоѓа во северозападниот дел на жупанијата Јас-Наѓкун-Солнок. Културното и политичкото средиште на оваа регија е градот Јасберењ.

Историја[уреди | уреди извор]

Јасите биле номадско племе Алани со потекло од Кавказот, кои, после пропаста на Кралевство Аланија, се населиле во Кралевството Угарска (1000—1918) во 13 век. Дошле заедно со Куманите бегајќи од Монголите и Татарите. Ги примил угарскиот крал Бела IV, надевајќи се дека тие ќе му помогнат околу одбраната на Унгарија од Монголците. Меѓутоа за брзо време односите со Унгарците се влошале и поголем дел од Куманите и Јасите ја напуштиле тогашната Унгарија. После заминувањето на Монголците од централните делови на Европа, еден дел од Јасите си заминале во Унгарија.

Во текот на следните два века Јасите потполно се асимилирале во унгарското население, јазикот им изчезнал, а единствено ја сочувале свеста за јашкиот идентитет и регионалната автономија, која ја имале сè до 1876 година.

Културно наследство[уреди | уреди извор]

Јасите на почетокот се занимавале со сточарство, а со себе во Угарска донеле знаење за сточарство, доста напредна за тој временски период.

Голем број на населението во центрлната Унгарија и денес носи назив по Јасите: Јасберењ (Jászberény), Јасароксалаш (Jászárokszállás), Јасфењсару (Jászfényszaru) и други.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]