Прејди на содржината

Јаребична

Координати: 41°06′44″N 22°19′39″E / 41.1122° СГШ; 22.3275° ИГД / 41.1122; 22.3275
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаребична
Σκρα
Јаребична на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.097 м
Координати41°06′44″N 22°19′39″E / 41.1122° СГШ; 22.3275° ИГД / 41.1122; 22.3275
Географија
МестоМегленско, Егејска Македонија
Карта

Јаребична или Скрка (грчки: Σκρα, Σκρα ντι Λέγκεν, Σκόρκα ντι Λέγκαν/Λέαγκαν) — планина во северна Егејска Македонија, на границата на со Р. Македонија.[1][2][3]

Географска характеристика

[уреди | уреди извор]

Оваа мала планина се наоѓа во северниот дел на Мегленско, на границата со Кукушко и Гевгелиско во Р. Македонија. Сместена е на североисток од комплексот Пиново-Кожуф, од кој е одвоена со долината на Мал Меглен и седлото (830 м) на граничната пирамида бр. 87. На југ е одделена од планината Пајак со превојот Скрка (Макрокорифи, 880 м) и Ошинската Долина.[1]

Името Скра е изопачено од влашкото Скорка ди Леген, со значење „Врв на Леген“.[1]

Карпите на планината се варовници и офиолити.[1]

Пајак со неговото северното подножје Јаребична е дел од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1240003).[1]

Во мај 1918 г. во Првата светска војна на планината се одиграла тешката Битка кај Јаребична, каде Антантата ѝ нанела пораз на бугарската војска. На врвот има споменик на победата и до него води пат.[1]

Европската пешачка патека E6, идваща от селата Фуштани (300 м) и Ошин (820 м) ги сече Пајак и Јаребична, па завршува во селото Љумница (570 м), за да продължи на исток кон Бојмица и Ругуновец.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Јаребична, Скрка Σκρα, Σκρα ντι Λέγκεν, Σκόρκα ντι Λέγκαν/Λέαγκαν 1.097[1] Грција СЗ над Љумница и ИСИ од Бериславци[2]
Παπαγιάννη 1.034[1] Грција Македонија пирамида бр. 82[2]
Скрка Βραχοκορφές, Σκρέκα 860[1] Грција СИ од Ошин и И од Бериславци[2]
Јака Γιάκα 720[1] Грција Македонија пирамда бр. 77[2]
Гола Скрка Γυμνή, Σκορκ Γκόλα 880[1] Грција ИСИ од Бериславци и И од Лугунци[2]
Бучовник Καταρράκτης, Μπουτσόφνικ, Σκορκ Δικορίτς 840[1] Грција СИ од Бериславци и Лугунци[3][2]
Кула Κούλα 960[1] Грција СИ од Ошин и И од Бериславци[2]
Мусо Μόσιο 789[1] Грција СЗ од Љумница[2]
Скрка Налта[4] Μυτερή Κορυφή 967[1] Грција Македонија пирамида бр. 85[2]
Мали Крш Πράσινος Λόφος, Μάλι Κρι, Μάλι Κροχ 643[1] Грција Македонија пирамида бр. 73[2]
Сарандар Σαραντόρ 960[1] Грција Македонија пирамида бр. 80[2]
Селица Σέλιστα 780[1] Грција Македонија пирамида бр. 78[2]
Мусов Гроб Τάφος Μήτσου, Γκρόπα Μόσιε 900[1] Грција И од Љумница (Скра)[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 452. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. 3,0 3,1 Ðevdelija GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
  4. Топографска карта ЈНА 1: 50.000.