Јарбол
Изглед

Јарбол или катарка[1] — висок столб, вертикална или накосена конструкција на едреник (брод), обично поддржана со потпори.[2] Првично бил наменет само за поставување едра; на современите бродови со машински погон, јарболите поддржуваат радиоантени, светлосни уреди и набљудувачници.[3]
Видови
[уреди | уреди извор]Во зависност од нивната намена, тие се:
- Радарски јарбол — ако служи за монтирање на бродските радарски антени.
- Товарен јарбол (или полујарбол) — кога на него е монтирана товарна дигалка. Товарни дигалки речиси и не се среќаваат кај современите бродови.
- Вентилациски јарбол — во овој случај, јарболот претставува цевка (оџак) што служи за одведување гасови од товарни прегради (главно на танкери).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „катарка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „јарбол“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Harland, John. Seamanship in the Age of Sail, стр. 22–5, Naval Institute Press, Annapolis, Maryland, 1992. ISBN 0-87021-955-3.