Јара Шахиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јара Шахиди
Јара Шахиди

Јара Шахиди (англиски: Yara Shahidi, р. 10. февруари 2000 година во Минеаполис, Минесота, САД) е американска глумица, манекенка и активистка. Позната е по главната улога како најстарата ќерка Зои Џонсон во комедиската серија „Црничка“ и продолжението „Големка.“[1] Толкувала улоги во филмовите: „Замисли,“ „Смолфут“ и е протагонист во „И сонцето е ѕвезда.“ Списанието „Тајм“ ја смести меѓу триесетте највлијателни тинејџери во 2016 година.[2]

Детство[уреди | уреди извор]

Јара Сајех Шахиди е родена во Минеаполис, Минесота, САД како ќерка на Кери Солтер Шахиди и фотографот Афшин Шахиди.[1] Татко ѝ е Американец со иранско потекло, а мајка ѝ е Афроамериканка и припадничка на племето Чокто. На четиригодишна возраст, Јара се сели со семејството во Калифорнија, САД поради работен ангажман на Афшин Шахиди. Јара има помали сестра Сајид и брат Ехсан.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Шахиди ја почнува својата кариера на шестгодишна возраст, кога почнува да се појавува во телевизиски и печатени реклами за Мекдоналдс, Ралф Лорен, Таргет, ГапКидс, Дизни, Гес Кидс и Детското место.[4] Често во овие се појавува со мајка ѝ и брат ѝ.

Филмското деби ѝ е во „Замисли“ (2009) во продукција на Парамаунт Пикчерс. За оваа улога е номинирана за наградата за млад уметник за најдобра глума во категоријата на играни филмови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Yara Shahidi“. web.archive.org. 2012-03-04. Посетено на 2020-04-06.
  2. Staff, TIME. „The 30 Most Influential Teens of 2016“. Time (англиски). Посетено на 2020-04-06.
  3. „C.J.: Mother of Minneapolis-born "Black-ish" star is having a good day when there's no eye twitch“. Star Tribune. Посетено на 2020-04-06.
  4. „Yara Shahidi - Young Black Stars | Supporting Kids, Teens and Young Adults“. web.archive.org. 2016-04-05. Посетено на 2020-04-06.