Јапонското куче (филм од 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јапонското куче (романски: Câinele Japonez) е романски филм од 2013 година, во траење од 86 минути, а во режија на Тудор Кристијан Јургиу (Tudor Cristian Jurgiu). Главните улоги ги толкуваат: Виктор Ребенѓук (Victor Rebengiuc), Сербан Павлу (Serban Pavlu) и Јоана Абур (Ioana Abur).

Содржина[уреди | уреди извор]

Костаке (го игра Робенѓук) е средовечен човек кој останал без својата жена и куќата, како последица на големата поплава којашто го зафатила неговото село. Поради тоа, тој привремено живее во друга куќа, соочувајќи се со недостигот од вода и струја. Притоа, тој е тврдоглав и ги одбива понудите од соседите за каква и да било помош. За тоа време, тој добива понуда од еден локален директор, кој сака да ја купи неговата нива во близината на реката.

Животот на Костаке се менува кога во селото пристигнува неговиот син Тичу (го игра Павлу), заедно со жената и синот, кои живеат во Јапонија. Костаке има проблеми во односот со Тичу, но се зближува со својот внук. Кога гостите од Јапонија ќе си заминат, внукот му поклонува на Костаке куче-играчка. На крајот, Костаке решава да му се придружи на семејството во Јапонија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јапонското куче“, Програма февруари 2015, Кинотека на Македонија.