Јапонско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јапонското Море)
Акваторијата на Јапонското Море
Карта на Јапонското Море

Јапонско Море (јапонски: 日本海) — рабно море што се наоѓа помеѓу азискиот брег и јапонските острови. Поврзано е со Охотското Море преку мореузите Татарски и Лаперуз, со Источнокинеското Море е поврзано преку Корејскиот Проток, а со Тихиот Океан преку - Сангарскиот проток.

Во Кореја морето се нарекува „Источно Море“ поради проблемот што го имаат двете Кореи со поимот Јапонско Море.

Има површина од 1,062 млн. км2. Најголемата длабочина му е 3.742 м. Во зимските месеци му замрзнува северниот дел.

Главните пристаништа се: Владивосток, Находка, Ванино, Советскаја Гавањ, Александровск-Сахалински, Холмск, Ниигата, Цуруга, Мајѕуру, Вонсан, Хиннам, Чхонџин.

Во XVIII век Европејците морето го нарекувале Татарско, бидејќи сметале дека таму живеат Татари.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]