Јапонски змејови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јапонски Змеј, од Кацушика Хокусај.
Бабата на императорот Антоку како го спасува од змеј, од Yoshitsuya Ichieisai.
Змеј како полетува кон небото, електронски печатено издание на видиците од планината Фуџи на Огата Геко.

Јапонски змејови (日本の竜 Nihon no ryū) — различни митски суштества во Јапонската митологија и фолклор. Јапонските митови за змејовите се амалгам од домородски легенди и увезени приказни од Кина, Кореја и Индија. Ликот на кинескиот змеј бил земен како пример за да се направи ликот на јапонскиот. Како и другите азиски змејови, повеќето јапонски змејови се водени божества, и најчесто се прикажани како големи, змијовидни суштества без крилја и со канџи.

Кинескo-jапонски змејови[уреди | уреди извор]

Јапонските митови за змејови се главно базирани врз кинеските митови. Јапонските зборови зa змеј се напишани со kanji (кинески знаци). Многу јапонски имиња за змеј се позајмени зборови од кинескиот јазик.

Некои автори прават разлика помеѓу Јапонскиот „ryū змеј“ и кинескиот „долг змеј“ според бројот канџи на нивните нозе.

За време на втората Светска Војна, јапонската војска именувала многу оружја по кинески змејови.

Индо-јапонски змејови[уреди | уреди извор]

Кога Будистичките калуѓери од другите делови на Азија ја донеле својата вера во Јапонија, тие донеле легенди за змејови и змии од будистичката и од хинду митологија. Најзначајните примери се „nāga ナーガ“ или „龍 "Nāga“; божеството на дождот и заштитник на будизмот; и nāgarāja ナーガラージャ или 龍王 ”Nāgaraja (Нагаража); кралот на змиите и на змејовите.

Храмови на змејови[уреди | уреди извор]

Преданијата за змејовите се традиционално поврзани со будистичките храмови. Митовите за тоа дека, змејовите живеат во езера и реки блиску до храмови се на широко чуени. Имињата на храмовите се често поврзани со змејови.

Светилишта на змејови[уреди | уреди извор]

Светилиште на змеј во Fujiyoshida (Фуџијошида).

Јапонските змејови се поврзани и со Шинто светилиштата, како и со Будистичките храмови.

Се верувало дека, Ицукошима светилиштето (Itsukushima) на островот Мијаџима (Miyajima) во јапонското внатрешно море било дом на ќерката на морскиот бог Ryūjin.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]