Јапеју

Координати: 29°28′S 56°50′W / 29.467° ЈГШ; 56.833° ЗГД / -29.467; -56.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јапеју
Yapeyú
град
ДржаваАргентина
ПокраинаКориентес
ДепартманСан Мартин
Надм. вис.&1000000000000005400000054 м
Население
 • Вкупно2.124
Демонимyapeyuense
Часовен појасART (UTC-3)
Пош. кодW3231
Тел. број+54 3772

Јапеју (шпански: Yapeyú) е град во покраината Кориентес, во департманот Сан Мартин во Аргентина. Гратчето има околу 2.000 жители според пописот од 2001 година. Гратчето е познато бидејќи тоа е родното место на јужноамериканскиот ослободител Генерал Хосе де Сан Мартин. Исто така во градот се наоѓа и локално познатиот споменик „Арко Трунко“.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот „Јапеју“ доаѓа од гваранскиот израз и значи „созреано (скапано) овошје“. Во периодот кога се основал градор и реката Гвавирави исто така се нарекувала Јапеју.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил основан на 4 декември 1626 година од Језуитот Педро Ромеро. Првичното целосно име било Вилја де Нуестра Сењора де лос Сантос Рејес Магрос и Јапеју (Villa de Nuestra Señora de los Santos Reyes Magos y Yapeyú). Овој град е еден од 30-те мисии основани на почетокот на 17 век кои биле подоцна, во 1817 година, уништени од португалската армија. Градот подоцна бил повторно основан и се зачувала малата тврдина која кон крајот на 18 век била дом на Хуан де Сан Мартин и неговата жена Грегорија Маторас.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Galasso, Norberto (2009). Seamos Libres y lo demás no importa nada. Buenos Aires: Colihue. ISBN 978-950-581-779-5.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Galasso, p. 12

Надворешни врски[уреди | уреди извор]