Јанко Калинчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јанко Калинчев
Роден(а)18 август 1935
Овчарани, Леринско,  Грција
Починал(а)2 мај 2019
Мелбурн, Австралија Австралија
НационалностМакедонец
Занимањеиселенички активист

Јанко Калинчев (Овчарани, Леринско, 18 август 1935 - Мелбурн, Австралија, 2 мај 2019) — австралиски спортски работник, македонски активист во Австралија, претседател на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Мелбурн и дете бегалец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Калинчев е роден во леринското село Овчарани на 18 август 1935 година. Основно училиште и средно фискултурно училиште завршил во Скопје, а дипломирал на Факултетот за физичка култура во Белград. Во периодот 1946-1948 година заради македонските работи, Грците ја затвориле мајка му Магда, моминско презиме Киркова, од Забрдени. Во 1948 година по ослободувањето од затвор, мајка му заедно со него и брат му Кочо, Грците ги однеле во Полициската станица во Овчарани, оттаму во Крушоради и на крај ги протерале до границата со тогашна Југославија, со забрана за враќање во Егејскиот дел на Македонија. Оттаму, југословенската армија ги однела во Живојно, каде биле сместени кусо во хотел „Македонија“ во Битола. Татко му Благоја бил партизан и во ЕЛАС и во ДАГ. По капитулацијата на КПГ, татко му Благоја Калинчев избегал во Италија и оттаму во Бугарија и на крај во Македонија. Фамилијата се составила во Прилеп, од каде што заминале во Скопје. Во Скопје се родил неговиот трет брат Владимир. Во Скопје се оженил со Мара и таму им се родиле двете ќерки Билјана (Белинда) и Весна (Ванеса). Во 1969 година заминале во Австралија, каде му се родил и синот Благоја. Во Австралија, Јанко Калинчев работел како професор по фискултура во средно училиште во Мелбурн, од тоа работно место и се пензионирал во 1995 година. Бил тренер по фудбал во Фудбалскиот клуб „Македонија“ во Престон, како и на викториската младинска фудбалска репрезентација од 1969-1974 година. Отворил повеќе саботни училишта за дополнителна настава на англиски јазик, како и на македонски јазик, бил член на Македонската православна општина “Свети Ѓорѓи“ во Епинг. Калинчев бил организатор на првите денови на македонската култура 1972-1973 година, но по мешањето на југословенскиот конзул Цветан Николовски, оваа културна манифестација згаснала. Бил претседател на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во Мелбурн со 110 членови, кое било формирано во 2000 година. На 12 декември 2016 година, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес на Калинчев му го доделил највисокото семакедонско признание за живот и дело, почесната титула Македонски сенатор.

Починал во Мелбурн, Австралија на 2 мај 2019 година. Зад себе оставил сопруга, 3 деца, 7 внуци и 5 правнуци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]