Јанко Бачев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанко Бачев
Претседател на Единствена Македонија
На должноста
Стапил
2002
Лични податоци
Роден(а) 14 септември 1966(1966-09-14)(57 г.)
Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Партија Единствена Македонија
Сопружник Убавка Бачева
Деца 2
Професија универзитетски професор по меѓународно право
Вероисповед православен христијанин
Портал www.edinstvenamakedonija.mk

Јанко Бачев (14 септември 1966 во Струмица) — македонски политичар,универзитетски професор и претседател на партијата Единствена Македонија, а воедно и нејзин основач. Универзитетски професор по меѓународно право на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Образование[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, завршил Правен факултет, во 1995 година, ја завршил специјалистичката обука за стручно оспособување и усовршување на работниците на овластени работни места во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во 1996 година, го положил правосудниот испит, во 1999 завршил последипломски магистерски студии на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје одбранувајќи го магистерскиот труд на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“. Во 2012 година, ги завршил докторските студии на Катедрата за меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“, одбранувајќи ја докторската дисертација на тема: „Правните механизми во Организацијата на Обединетите нации и прашањето околу името на Република Македонија“.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1991 до денес има работно искуство во правосудната сфера, службите на државните органи, политичката и образовната сфера.

Политички ангажмани[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, ја основал политичката партија Народно движење за Македонија со поголем број на истомисленици, откако во рамките на МВР, ги согледувал политичките сценарија и внатрешните предавства за време на конфликтот во 2001 година. На партијата, во 2018 година, и било сменето името во Единствена Македонија.[1]

Во декември 2023 година ја отвара неговата Интернет-Телевизија "ЕМ Телевизија" каде се емитуваат неколку пати во неделата политички емисии и анализи. Главен уредник на телевизија е: Емилија Гелева.

Книжевни дела[уреди | уреди извор]

Автор е на три книги: 1. „Македонија и Грција - Битка за името„ (Правните механизми во Обединетите нации за враќање/употреба на името - Република Македонија), 2. „Меѓународно - правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција“ и 3. Договорите со Бугарија од 2017 и 1947 година и Планот за обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија како и на повеќе од двесте есеи, стручни и научни трудови од областа на меѓународното право и меѓународните односи, безбедноста и политиката. Со свои трудови учествувал на повеќе домашни и меѓународни научни конференции.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Претседател“. Единствена Македонија (англиски). 2018-06-07. Архивирано од изворникот на 2020-05-02. Посетено на 2020-05-23.