Јаничар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јаничарски корпус)
Јаничари
Нови војници
Активна1363–1826
Припадност Османлиско Царство
Видпешадија
Големина1400-1,000[1]

1564-13,502[2]

1609-37,627[2]

1680-54,222[2]
СедиштеАдријанопол, Цариград
Боицрвена и зелена
БиткиКосовска битка
Битка кај Никопол
Битка кај Ангора
Битка кај Варна
Мохачка битка
Опсада на Виена (1529)
и други
Команданти
ПрвМурат I
ПоследебМахмуд II

Јаничар (турски: Yeniçeri, во превод Нова војска) — припадник на турската пешадиска единица во својство на телохранител на султанот. Во почетокот јаничарите биле опремени со лакови, но по 1440 година започнале да ракуваат со сабји и ножеви. Турскиот јатаган станал симбол на самиот корпус.

Создавање[уреди | уреди извор]

Оваа единица била основана во 1329 година од страна на султан Мурат I, времето кога Османлиското царство го започнувало своето проширување. Во почетокот, јаничарите се состоиле од немуслиманско население, од заробени млади христијани што биле насилно потурчувани. Во времето на Мурат I бил воведен данокот пенџик - секој петти воен заробеник се принудува да го прифати исламот и да стапи во армијата. Така се формирале првите единици на османлиската пешадија. Поради ова значењето на јаничарите во османлиската војска започнала многу бргу да расте. Во последната битка на Косово Поле нивното вообичаено место веќе било изградено пред султанот.

Војници јаничари

‎‎

Во времето на Бајазит I започнало да се собира можеби најтешкиот данок, данок во крв или девширме. Овој данок се одликувал со периодичното собирање на машки деца од потчинените христијански градови и села, главно од Румелија. Децата биле на возраст од 5 до 10 години. Тие се испраќале во Анадолија, во муслимански семејства, каде доколку се покажат се испраќале во касарните во Цариград, Бурса или Едрене. Еден поранешен јаничар напишал дека:

Штом ќе упаднат во некоја земја и ќе го покорат народот, веднаш по нив доаѓа султанскиот писар и ги зема сите момчиња за јаничари. За секое момче дава пет златници (дукати) и ги праќа преку море во Анадолија, каде што ги чуваат. Такви момчиња има околу две илјади. А ако не успее да земе доволно момчиња од непријателите, тогаш од селата во неговатаз емја ги зема сите христијански момчиња за да се добие потребниот број. Момчињата земени од неговата земја ги нарекуваатn чилик. По смртта, тие можат да го остават својот имот кому сакаат. А оние, пак, земени од непријателот ги нарекуваат пенџик. По смртта не можат ништо да остават некому во наследство и сиот нивен имот оди кај султанот, освен ако поради доброто поведение не си ја заслужиле слободата, а тогаш слободно можат по смртта својот имот да го остават кому сакаат[3]

Првите податоци за зимање на христијански деца биле од времето на султан Мурат I. Во житието на свети Филотеј се зборува за собирање на деца во 1380 година, како за веќе воспоставен обичај - на секои 2, 3 или 10 деца се одвлекува по 1 дете. Друга информација за овој данок некои го поврзуваат со известувањето на солунскиот митрополит Исидор Клабас од 1395 година за грабеж на момчиња по наредба на Бајаит I. Податоците, сепак покажуваат повеќе поединечни акции за собирање на младите отколку редовен данок. Во 1458 година француски извори соопштуваат дека на секоја петта година султанот собира млади до 20-годишна возраст.

По киднапирањето на децата, тие се испраќале во турски семејства каде се обучувале на послушност и турски јазик. Откако ќе пораснале тие се враќале во Цариград, каде што се вршел нов избор. Оние кои се одликувале со својата убавина и интелигенција, се испраќале во дворската гарда. Другите биле продавани како робови.

Структура[уреди | уреди извор]

Вкупниот број на јаничарите варирал во зависност од потребите. Самиот јаничарски корпус бил организиран по орти. Сулејман Величествениот имал околу 140 орти, но подоцна тој број се зголемил и преку 190 орти. Султанот бил главен заповедник на јаничарите, но самиот корпус бил организиран и воден од страна на ага. Сите орти заедно правеле оџак ("огниште"). Локалните јаничари стационирани во градовите подолго време се нарекувале јерлија.

Војската била поделена на три групи:

  • ќемат (трупи на границата или „јемат„) ),со 101 орта
  • бејлик или буљук (лични телохранители на султанот), со 61 орта
  • шекбан или сејмен, 34 орти

Ранговите на јаничарите наводно биле засновани на работни места во кујната или на групите ловци, за да се акцентира дека биле слуги на султанот. Јаничарите носеле посебни униформи, биле плаќани во готово, и марширале на особена музика која се нарекувала мехтер.

Според законикот канунамето Осмналискиот Падишах е војник број еден на јаничарската орта. Во 15 век биле пешадиска единица која се именувала „Џемат“ во времето на Мехммед II (1451) се поделила на две единици или група нречена „Секбан“, после ова била на две единици. Во 16 век се појавува уште една единица неречена „Ага“.

Јаничарите одиграле голема улога во падот на Цариград, борбите со Австрија и поразот на египетските Малмуци. Веднаш по овие успеси, јаничарите започнале со своите барања за покачување на своите примања. По 1451 година секој султан морал да плаќа дополнителна награда за успесите на јаничарите. Во 1566 година, во времето на султан Селим II, јаничарите добиле право да се женат.

Со текот на времето, јаничарскиот корпус се засилил толку многу што станал опасен дури и за султанот, поради што Махмуд II ја укинал во 1826.

Пад[уреди | уреди извор]

Колапсот на Отоманското Царство во 17 век се одразил и врз јаничарскиот корпус. Првично промените во империјата влијаеле кај турските феудалци-тимариоти. Лишени од своите права, тие масовно започнале да ги избегнуваат воените обврски. Поради тоа, нивните позиции морало да бидат заземени од јаничарите. Така само за периодот од 1584 до 1609 година бројот на спахиите се намалил од 200.000 на 69.800 луѓе, што било проследено со зголемување на бројот на јаничарите од 12.000 во 1566 година до 27.000 луѓе во текот на 1575 година; во 1592 година нивниот број бил 48.688 лица. Во следните години нивниот број константино се зголемувал.

Укинување[уреди | уреди извор]

Крајот на јаничарскиот корпус настапил во времето на султанот Махмуд II (1808-1839). Неуспехот на турската армија во воените дејствија против грчките востаници бил јасен знак дека империјата има потреба од реформи. Стравувајќи дека промените можат да влијаат на нивниот привилегиран статус, јаничарите одлучно се противале на какви било иновации. Благодарение на големото влијание на јаничарите тие попречиле дури воведување во армијата на модерно оружје. Махмуд бил многу загрижен за состојбата во земјата. Тој во почетокот го сменил раководството на јаничарскиот корпус.

На 29 мај 1826 година бил свикан совет од државници и високи свештеници, кои стигнале до заклучок дека треба да се создаде редовна армија. На 15 јуни 1826 година јаничарите се побуниле и се заканиле дека ќе убијат околу 100-на учесници во состанокот, па дури и самиот султан, ако одбие да ја отстрани новоформираната војска. Верните на султанот делови сепак ги одбиле бунтовниците кон касарните и ги подложиле на артилериски напад. Јаничарите биле принудени да испратат делегација кај султанот која да моли за милост, но првите организатори биле погубени.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nicolle, pp 9–10.
  2. 2,0 2,1 2,2 Agoston, p. 50
  3. Mihailović, стр. 164-165. Отсутно или празно |title= (help)