Јаничари одат, мамо

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Јаничари одат, мамо“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина6:50 (Кирил Манчевски)
7:05 (Пепи Бафтировски)
5:52 (Стефче Стојковски)

Јаничари одат, мамомакедонска народна песна. Песната е посветена на некоја си мајка чиј што син и бил одземен од јаничарите. Песната има општествен карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Јаничари одат, мамо
од село во село,
голем зулум прават,
машки деца земаат мамо,
земаат, потурчуваат,
млади моми, грабаат мамо,
анами ги прават.

Зеле ми го, зеле мамо,
Стојана на мајка,
зеле и одвеле,
а Стојан ми беше, мамо,
единец на мајка.
А Стојан ми беше, мамо,
единец на мајка.

Плакала е многу време
Стојанова мајка,
сè за Стојана плачеше,
косите ѝ побелеле,
очите ѝ истекле.
Косите ѝ побелеле,
очите ѝ истекле.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]