Јанис Андетокумбо (Γιάννης Αντετοκούνμπο; роден на 6 декември1994 во Атина)[1] — грчки професионален кошаркар кој настапува за екипата на Милвоки Бакс во НБА. Висок е 2,11 метри и најчесто игра на позицијата ниско крило, но може да игра и како бек поради неговата вештина во водење топка. Во сезоната 2015–16 настапувал како организатор на играта за екипата на Милвоки.[2] Андетокумбо прераснал во кошаркарска суперѕвезда во сезоната 2016–17, кога бил најефикасен играч на Милвоки во сите пет значајни статистички категории и станал првиот играч во НБА кој бил во првите 20 кошаркари од лигата по број на бодови, скокови, асистенции, украдени топки, и блокирани удари.[3] Андетокумбо има нигериско потекло.[4][5]