И покрај нетолку успешниот период како јуниор, Синер почнал да игра во професионални турнири на вораст од 16 години и станал еден од ретките играчи кои освоиле повеќе титули на АТП Челенџер турнејата на 17 години. Во 2019 година, тој го освоил турнирот Next Generation и наградата АТП Најдобар нов играч, а две години подоцна станал првиот играч роден во 2000-тите кој влегол меѓу првите 10 на ранг-листата. Својата прва титула на турнирите од Мастерс 1000 серијата, Синер ја освоил на Отвореното првенство на Канада 2023 и ја заврши сезоната со пласирајќи се за АТП финалето 2023 и водејќи ја Италија до круната во Дејвис купот.
На Отвореното првенство на Австралија 2024, Синер го победил светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, а потоа и Данил Медведев во финалето за да ја освои својата прва гренд слем титула. Потоа освоил три турнири од Мастерс 1000 серијата, Отвореното првенство на САД и АТП финалето, за да ја заврши годината како светски број 1. Во 2025 година, Синер успешно ја одбранил својата титула на Отвореното првенство на Австралија и загубил во финалето на Ролан Гарос, губејќи го епското финале од Карлос Алкарас. Сепак, на Вимблдон 2025, тој го совладал Алкарас во финалето, освојувајќи ја својата четврта гренд слем титула во кариерата.
(П) победник; (Ф) финалист; (ПФ) полуфиналист; (ЧФ) четвртфиналист; (#К) коло 4, 3, 2, 1; (ГФ) групна фаза; (Кв.#) квалификациско коло; (П#) преелиминарно коло; (НКВ) не се квалификувал; (НН) не настапил; (З#) Дејвис/Фед куп зонска група (со број) или (ПО) плејоф; (З) злато, (С) сребро или (Б) бронза Олимписки/Параолиписки медал; (НМС) не е мастерс турнир; (НПР) не е турнир од прв ранг; (О) одложено; (НО) не одржано; (О/Н) сооднос (освоено / настапено); (П–И) победно–изгубено.
↑Синер се повлекол пред натпреварот од четвртото коло на Мастерсот Индијан Велс 2022, што официјално не се брои како пораз.
↑На 20 август 2024, било објавено дека Синер добил антидопинг санкција и му биле одземени парите и поените освоени од турнирот во Индијан Велс во март, поради позитивен тест на клостебол, забранет анаболен стероид.