Јане Плетикоса

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јане Плетикоса — македонска епска народна песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Јане Плетикоса го моли бога да дојде Ѓурѓовден за да замине во ајдуци. Господ му ја исполнува молбата и Јане собира дружина од 30 јунаци и заминува во Томор планина. Кога побарал доброволец кој ќе го ограби безистенот во Едрене, никој не се јавува, освен едно дете сираче кое ја извршува задачата. Потоа, Јане бара доброволец кој ќе слезе на патот и ќе го ограби царското богатство, но повторно се пријавува само сирачето. Најпосле, доаѓа Митровден, Јане го дели пленот и ја распушта дружината.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 77-78.