Јам каша (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јам каша (јапонски: 芋粥) - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1916 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

За време на ерата Хејан во Кјото живеел еден ситен службеник. Тој бил грд, плашлив и глупав, па сите правеле груби шеги на неговата сметка. Единствената негова животна желба била да се изнајаде јам каша. Еднаш, за време на гозбата кај намесникот, благородникот Тошихито слушнал за неговата желба и му ветил дека ќе го покани на јам каша. Неколку дена подоцна, Тошихито го повикал да му се придружи на едно далечно патување. Патем, Тошихито фатил лисица и ѝ наредил да однесе порака до неговиот дворец. Кога пристигнале, таму навистина ги чекале слугиле, како што гласела пораката. Во дворецот, Тошихито наредил да се подготви голем казан со јам каша, но кога го послужиле, службеникот веќе немал никаква желба да јаде. Тогаш, ја забележале лисицата која ја фатил Тошихито и неа ја послужиле со јам каша. Така, службеникот сфатил дека поубаво му било кога копнеел по кашата, отколку кога добил прилика да јаде во изобилство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Jam kaša“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 135-157.