Јама-уба

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Јамауба“ (山うは) од Хјакаи Зукан од Сауаки Сууши.
Јамамба (山むば) од „Бакемоно но е“ (化物之繪, околу 1700 година), колекција на јапонски книги и ракописи од Хари Ф. Брунинг, Специјални колекции на Л. Том Пери, Библиотека на Харолд Б. Ли, Универзитет Бригам Јанг.
„Јамауба“ (山姥) од Газу Хјаки Јагјоу од Торијама Секиен.
Опис на Јама-уба од Тотоја Хокеи (1780–1850).

Јамауба, Јамамба, Хаманба [Yamauba (山姥 или 山うば), Yamamba or Yamanba] се варијации[1] на името на еден јоокаи[2] од јапонскиот фолклор.

Опис[уреди | уреди извор]

Тие исто така можат да бидат напишани како 山母, 山姫, или 山女郎, а во градот Масаеки, област Нишимороката, префектурата Мијазаки (сега Ебино), „јамахиме“ ја миела косата и пеела со прекрасен глас. Длабоко во планините на префектурата Шизуока, постои приказна дека „јамахиме“ би се појавила како жена со околу дваесет години и би имала прекрасни одлики, голи раменици и црна коса, и кога ловџија ќе се сретнел со неа и ќе се обидел да пука во неа со пиштол, таа ќе го одбиела куршумот со рацете. Во Хокаидо, Шикоку и јужните делови на Кјушу, има и јамаџиџии (планински старец), а јамауба исто така се појавувала заедно со јамаваро (планинско дете), и затоа тука јамауба се нарекувала „јамахаха“ (планинска мајка), а јамаџиџии бил „јамачичи“ (планински татко). Во областа Иуата, префектурата Шизуока, „јамабаба“ доаѓала да отпочине во случајни куќи што ќе и наишле на патот и била нежна жена која носела облека направена од кора од дрво. Таа позајмувала котел за да зоврие малку ориз, но казанот се полнел до горе со само 100 грама ориз. Немало ништо необично во тоа, но било речено дека кога ќе седнела на страна до котелот, подот крцкал. На Хачиџоо-џима островот, „деџи“ или „дечи“ би изведувал камикакуши (кога налутен/а ками ќе прати нечија душа во светот на душите) со тоа што луѓето шетале по места што не би требало да постојат на Земјата по цела ноќ, но ако некој се однесувал пријателски со неа, таа би позајмила информации, меѓу другото. Понекогаш таа исто така доела деца кои исчезнувале на три дена. Се вели дека на нејзиното тело имала дамки и имала градите закачени на рамената како да имала тасуки врвка. Во префектурата Кагава, јамауба во реките се нарекува „кауаџоро“ (речна дама),[3] и секогаш кога некој насип ќе се скршел од преголемо количество вода, таа со силен и расплакан глас би рекла: „Мојата куќа ќе биде однесена“.[4] Во Кумакири, Харуно, областа Шучи, префектурата Шизуока (сега Хамамацу), постојат легенди за јамауба наречена „хочопаа“,[5] а таа се појавувала на планинските патишта во текот на вечерта. Мистериозните феномени, како што се звуците на фестивалите и клетвите што доаѓале од планините, се сметало дека биле заради неа. Во областа Хигашичикума, префектурата Нагано, тие се нарекуваат „уба“, а легендите таму раскажуваат за јоокаи со долга коса и едно око,[6] а од нивното име се смета дека произлегло името јамауба,[7]

Во приказните, оние што биле нападнати од јамауба биле обично патници и трговци, како кочијаши на воловски или коњски коли, соработници и чувари, кои често оделе по планински патеки и наидувале на луѓе во планините, па затоа се мисли дека тие биле оние што ширеле такви приказни.

Јамауба е прикажана на два различни начина. Има приказни каде што мажи товареле вол со риба за испорака, наишле на јамауба на ’ртовите и биле бркани од нив, како што се Ушиката Јамауба и Кувазу Џобо, како и приказна каде некој што го бркала јамауба се искачил на синџир кој се појавил од небото за да избега, и кога јамауба се обидела да го брка искачувајќи се на ланецот, таа паднала и умрела во поле со леќа, наречено „Тендо-сан но Кин но Кусари“. Во овие приказни, јамауба била страшно чудовиште што се обидувало да јаде луѓе. Од друга страна, имало приказни како Нукафуку Комефуку (исто така наречена „Нукафуку Курифукук“), каде што две сестри собирајќи овошје се сретнале со јамауба која им дала богатство на љубезност на постарата сестра (која ја мачела нејзината маќеа) и и’ дала несреќа на лошо воспитаната помала сестра. Тука е и приказната „Убакауа“, каде јамаба им давала среќа на луѓето. Во префектурата Аичи, постои легенда дека куќа опседната од јамауба брзо би се стекнала со богатство, а некои семејства ги обожувале како заштитни богови.

Изглед[уреди | уреди извор]

Во зависност од текстот и преведувачот, јамауба се појавува како монструозна стара жена, „нејзината распуштена долга коса и златно бела ... кимоното валкано и излитено“,[8] со канибалистички склоности.[9] Во една приказна, мајка која патувала за своето село била принудена да се породи во планинска колиба потпомогната од навидум љубезна старица, за да открие, кога е веќе доцна, дека старицата е всушност јамауба, со намера да го јаде беспомошниот Кинтароо.[10] Во друга приказна, јоокаи-то го воспитувала сиракот херој Кинтароо, кој станал славниот воин Саката но Кинтоки.[11]

За Јамауба се вели дека има уста на врвот на главата, скриена под косата.[12] Во една приказна е поврзано дека нејзината единствена слабост е одреден цвет кој ја содржи нејзината душа.[13]

Јамауба, „Распуштена коса“, од Хокусаи.
Јама-уба доејќи го Кинтоки, Китагава Утамаро 1802 година.

Но драма[уреди | уреди извор]

Во една Но драма, преведена како „Јамауба, Дама на планината“, Конпару Зенчику го наведува следново:

Јамауба е самовила од планините, кои биле под нејзина грижа уште од почетокот на светот. Таа ги украсува со снег во зима, со цветови во пролет... Таа има остарено многу. Дива бела коса виси по нејзините раменици; лицето и е многу слабо. Имаше куртизана од главниот град што изведе танц претставувајќи ги талкањата на Јамауба. Имаше таков успех што луѓето ја нарекоа куртизанката Јамауба иако нејзиното вистинско име беше Хјакума.[14]

Претставата се одвива една вечер додека Хјакума патува да го посети храмот Зенко во Шинано, кога ќе го прифати гостопримството на една жена за која се покажува дека не е никој друг туку вистинската Јамауба.[14]

Западна литература[уреди | уреди извор]

Во расказот на Стив Берман „Трол на планина со девојче[15] се појавува Јамауба.

Лафкадио Херн, пишувајќи пред се за западна публика, раскажувал ваква приказна:

...Потоа [тие] ја видоа Јама-Уба, „планинската доилка“. Легендата вели дека фаќа мали деца и ги дои некое време, а потоа ги голта. Јама-Уба не се зафати со нас, бидејќи нејзините раце беа зафатени со пријатно мало момче, кое само што беше тргнала да го јаде. Детето беше направено прекрасно убаво за да го зголеми ефектот. Духот, лебди во воздухот над гробница на одредено растојание... немаше очи; нејзината долга коса висеше слободно; нејзината бела наметка лебдеше светло како чад. Мислев на изјава во композиција на еден од моите ученици за духовите: „Нивната најголема особеност е што немаат нозе“. Потоа скокнав повторно, бидејќи нештото, сосема безвучно, но многу брзо, прелета низ воздухот кон мене.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cavallaro, 132.
  2. Joly, 396.
  3. 武田明. „四国民俗 通巻10号 仲多度郡琴南町美合の聞書“. 怪異・妖怪伝承データベース. 国際日本文化研究センター. Посетено на 2009-08-17.
  4. 村上健司編著 (2000). 妖怪事典. 毎日新聞社. стр. 124頁. ISBN 978-4-620-31428-0.
  5. 加藤恵 (1989). „県別日本妖怪事典“. Во 野村敏晴編 (уред.). 歴史読本 臨時増刊 特集 異界の日本史 鬼・天狗・妖怪の謎. 新人物往来社. стр. 319頁.
  6. 日野巌 (2006). „日本妖怪変化語彙“. 動物妖怪譚. 中公文庫. . 中央公論新社. стр. 236頁. ISBN 978-4-12-204792-1.
  7. 妖怪事典. стр. 55頁.
  8. 8,0 8,1 Hearn, 267.
  9. Ashkenazi, 294.
  10. Ozaki, 70.
  11. Ozaki, 67.
  12. Shirane, 558.
  13. Monaghan, 238.
  14. 14,0 14,1 Waley, 247.
  15. Wallace, 184.

Белешки[уреди | уреди извор]

  • Ашкенази, Мајкл. Прирачник за јапонска митологија. ABC-CLIO (2003)
  • Каваларо, Дани. Бајка и аниме: Традиционални теми, слики и симболи во игра на екранот. Мекфарланд. (2011)
  • Херн, Лафкадио. Гледања на непозната Јапонија. Хаутон, Мифлин и компанија. (1894)
  • Жоли, Анри. Легенда во јапонската уметност: опис на историски епизоди, легендарни ликови, народни умотворби, митови, религиозна симболика, илустрирани во уметноста на стара Јапонија. Њујорк: Леј Лејн. (1908)
  • Монаган, Патрисија. Енциклопедија на божици и хероини . АБЦ-КЛИО. (2010)
  • Озаки, Јеи Теодора. Јапонска книга со бајки. Арчибалд Констабл & Ко. (1903)
  • Ширана, Харуо. Рана модерна јапонска литература: Антологија, 1600-1900 година. Прес на Универзитетот Колумбија. (2004)
  • Вели, Артур. Но драмите на Јапонија. Њујорк: АА Нопф (1922)
  • Валас, Шон. Јапонски соништа. Лете Прес. (2009)