Јаков (печатар)

Јаков (Камена Река, ден. Македонска Каменица, XVI век) — првиот македонски[1] печатар. Потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.[2][3][4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Јаков од Камена Река“. Во неговото дело "Часослов" Јаков напишал "...Појдов од Македонија, татковината моја…".
- ↑ Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од Камена Река, „Нова Македонија“, Скопје, 1, 2 и 3 мај 1957 (Избрани дела, трето дополнето издание, 6, Скопје, 2007, 14-16)
- ↑ Михаило Георгиевски, Македонската печатарска дејност (1915-1913), Скопје, 1972, 30–31
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 207. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)