Јаков Ароести

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јаков Ароести — битолски Евреин кој во време на Кралството Југославија работел како општински службеник. За време на окупацијата ја избегнал депортацијата, засолнувајќи се во Албанија[1]. По ослободувањето се вратил во Македонија а потоа се исселил во Израел. Меѓутоа поради неподносливоста на тамошните климатски услови се вратил во Битола и се вработил во Историскиот Архив. Во својот делокруг на дејност Ароести составил нов Список за неговите сонародници Битолските Евреи, со нови од него внесени податоци, кои се посебна тема.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовски - Цолев, Ѓорѓи. „Нови сознанија за депортираните Евреи од Битола“ (PDF).[мртва врска]