Јакоб Галус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јакоб Галус портрет од 1590

Јакоб Галус (3 јули 1550 - 18 јули 1591) бил словенчки композитор, исто така познат и под името Јакоб Хендл, речиси целиот свој професионален живот го поминал во служба на Католичката црква во Австрија. Двосмисленоста во неговото име доаѓа од измената на неговото оригинално име Петелин (што во превод значи петел), во германското име Хендл (на латински Галус).

Галус работел како кантор во неколку цркви во Австрија и Бохемија, се до неговата прерана смрт. Пишувајќи кон крајот на Ренесансата тој употребувал посебни музички идеи кои продолжуваат да се развиваат повеќе од два века. Современиците се восхитувале на неговата музика, па дури некогаш бил нарекуван Бохемискиот Палестрина, по големиот италјански композитор Џовани Пјерлуиџи де Палестрина (1525-1594) чии дела биле најблиску реализирани до Платонскиот идеал на чистата музичка форма.

Напишал околу 500 мотети, црковни композиции и 53 мадригали, собрани во зборникот „Harmonie morales“. Галус починал на 41-годишна возраст. Ласо, Палестрина и Галус спаѓаат во група на композитори кои создавале композиции со извонредна музичка техничка висина. Најпознати дела му се: „Harmonie morales“, „Opus musicum“ и други.