Јакимово (археолошки наоѓалишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  • Амбарица — населба од римското време. Во нивите на северниот крај на селото, на простор од околу 100 × 60 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл).
  • Блатечки пат — населба и некропола могили од римското време. На 2 км источно од селото, недалеку од утоката на Сушичка Река во Осојница, во нивите на Н. и Т. Арсови, со површина од околу 6-7 декара, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Сопствениците на нивите при орање наидувале на темели од објекти, питоси и монети. Во западниот дел на локалитетот се издига мало ритче, наречено Булите, на кое доминираат две делумно оштетени могили. На ритчето, во северниот крај, лежи уште една многу пооштетена могила, со пречник од околу 10 м. Наодите не се зачувани.
  • Купелот — населба и могила од римското време. На 1 км западно од селото, на десниот брег на реката Осојница, во нивите на С. Стојанов се среќава множество фрагменти од керамички садови. При обработувањето на нивите, сопственикот наоѓал темели од ѕидови ѕидани со кршен камен и варов малтер. На локалитетот се констатирани и две помали могили оштетени во поголема мера.
  • Селски гробишта — средновековна некропола. Во југоисточниот дел на денешните гробишта, лоцирани во подножјето на ридот Баир, се гледаат гробни конструкции од средновековна некропола.
  • Ќерамидница — некропола од доцноримското време. Северозападно од селото има мала долинка низ која минува селскиот пат од селото Јакимово за селото Истибања. Според информациите од Ф. Трајчев, овде при градењето на шталата биле откопани повеќе гробови со конструкции од камени плочи.


Литература[уреди | уреди извор]