Јазично документирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јазична документација)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јазично документирање — процес преку кој еден јазик се документира од јазична гледна точка. Целта на документирањето е да даде разбирлив запис на јазичните пракси кои се карактеристични за една зададена говорна заедница. [1][2][3] Јазичното документирање се стреми да создаде детален преглед на една говорна заедница, како за целите на понатамошно изучување на јазикот така и за можно јазично оживување. Документирањето исто така дава цврсти основи за јазична анализа бидејќи преку овој процес се создаваат материјали кои може да бидат цитирани.

Методологија[уреди | уреди извор]

Јазичното документирање се врши со помош на различни алатки и методи. Најчести алатки за документирање на еден јазик се снимањето аудио-записи, транскрипција на говорот, анотација и анализа, превод на јазикот кој е во подоминантна употреба, архивирање и дисеминација. Клучно во овој процес е создавањето на квалитетни снимки при јазичниот опис. Материјалите може да бидат архивирани, но не сите материјали се подеднакво практични за раководење и не сите се подеднакво достапни за корисниците.[4]

Јазичното документирање е проследено со јазичен опис, чија главна задача е да се опише јазикот и нековиот систем на структури и правила во вид на издадена граматика и речник. При самото документирање на јазикот јазичарот се служи со записи и транскрипти зададени од страна на говорници чиј мајчин јазик е јазикот кој треба да се документира. Денес постојат и дигитални архиви за ваквите документи, како на пример AILLA or PARADISEC.

Видови на документирање[уреди | уреди извор]

Јазичниот опис може да се одвива на повеќе дела, во зависност од видов на материјалот. Така на пример има опис врз база на:

Поврзани области[уреди | уреди извор]

Сродни јазични области на документирањето се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Documentary and descriptive linguistics", Nikolaus P. Himmelmann (1998). Linguistics 36:166. Berlin: de Gruyter.
  2. Gippert, Jost, Nikolaus P. Himmelmann, Ulrike Mosel (eds.), 2006. Essentials of Language Documentation. Berlin: Mouton - de Gruyter
  3. Woodbury, Anthony. 2003. Defining Language documentation in Peter K. Austin (ed.) Language Documentation and Description, Vol 1, 35-51. SOAS.
  4. Chang, Debbie. 2011. TAPS: Checklist for Responsible Archiving of Digital Language Resources. MA thesis: Graduate Institute of Applied Linguistics.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]