Јазици на Европската Унија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Јазиците на Европската Унија се јазиците кои ги користат луѓето во земјите членки на Европската Унија. Во нив спаѓаат 23-те службени јазици на Европската Унија (вклучувајќи ги и бугарскиот, ирскиот и романскиот кои го добија овој статус на 1 јануари 2007) заедно со голем број други. Европската Унија го сумира ова на нејзината EUROPA домашна страница: „Јазици: Поседот на Европа“ и посветува специјализирано дмрежно подместо на таа тема, EUROPA порталот за јазици.
Политиката на ЕУ е да ги охрабрува сите граѓани да бидат повеќејазичн; поточно, пружа поддршка да зборуваат други два јазика покрај нивниот мајчин јазик. Голем број на финансиски програми на ЕУ активно ги промовираат учењето на јазик и јазична разновидност, но ЕУ има многу ограничено влијание во оваа област со оглед на тоа што содржината на образовните системи е одговорност на поединечните земји членки. [1]
Службени јазици на Европската Унија
[уреди | уреди извор]Службените јазици на Европската Унија, како што се зацртани во Советот на ЕЕЗ: Статут бр. 1 кој определува кои јазици да бидат користени во Европската Економска Заедница од 15 март 1958 (коригиран) [2], се:
Сите јазици на ЕУ се исто така работни јазици. [3] Документите кои земја членка или лице предмет на јурисдикција на земја членка ги испраќа на институции на Заедницата може да бидат прифатени на било кој од службените јазици избрани од испраќачот. Одговорот ќе биде доставен на истиот јазик. Регулациите и другите документи од јавно значење се испраќаат на дваесет и трите службени јазици. Службен весник на ЕУ се издава на дваесет службени јазици.
Легислацијата и документите од интерес и важност за јавноста се предаваат на сите 23 службени јазици,но тоа важи за помалиот број на работата на институциите. Други документи (на пр. дописи до национални институции, одлуки наменети за одредени индивидуалци или ентитети или коресподенција) се преведени на потребниот јазик. За внатрешните намени на институциите на ЕУ со закон е дозволено да можат да бираат да го користат нивниот сопствен јазик. Европската Комисија, на пример, своите внатрешни работи ги извршува на 3 јазика , Англиски, Француски и Германски, и работи повеќејазично само за јавни информации или за комуникациски цели. . Европскиот Парламент, од друга страна, има членови на кои им требаат работни материјали на нивниот сопствен јазик, па така тие документи се користат целосно повеќејазично. [4]
Според мрежното место на ЕУ на англиски јазик [5], цената на политиката за повеќејазичност на институциите (односно цената за преведување) е 1123 милиони евра, што 1% од општиот годишен буџет на ЕУ, или 2,28 € годишно по лице.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал за ЕУ јазици
- Процесот на создавање на документи во оваа повеќејазична околина[мртва врска]
- Работата на конференциските преведувачи во институциите на ЕУ Архивирано на 11 јануари 2007 г.
Јазичните вештини на европските граѓани
[уреди | уреди извор]Следните табели се засновани на "Специјалниот Евробарометар 243" на Европската Комисија со наслов "Европејците и нивните јазици" (summary full text), објавен во февруари 2006 со истражувања (анкети) спроведени во ноември и декември 2005. 28,694 граѓани на минимална возраст од 15 години беа прашувани во 25-те земји членки како и тогашните идни земји членки (Бугарија, Романија) и земјите кои во тек на истражувањето имале кандидатски статус (Хрватска и Турција). Биле прашувани само граѓани, а не и имигранти.
Првата табела покажува која пропорција на граѓани рекле на кој јазик можат да разговараат како на мајчин јазик на втор јазик или на странски јазик (само јазиците со најмалку 2% се на листата):
Јазик | Пропорција на ЕУ популација што го зборува | ||
---|---|---|---|
како мајчин јазик |
како јазик друг освен мајчиниот јазик |
Вкупно | |
англиски | 13% | 38% | 51% |
германски | 18% | 14% | 32% |
француски | 12% | 14% | 26% |
италијански | 13% | 3% | 16% |
шпански | 9% | 6% | 15% |
полски | 9% | 1% | 10% |
холандски | 5% | 1% | 6% |
руски | 1% | 6% | 7% |
шведски | 2% | 1% | 3% |
грчки | 3% | 0% | 3% |
чешки | 2% | 1% | 3% |
португалски | 2% | 0% | 2% |
унгарски | 2% | 0% | 2% |
словачки | 1% | 1% | 2% |
Source: [6]
Германскиот е најшироко употребуван како мајчин јазик со 18% од говорниците, додека англискиот е најзборуван јазик во целата ЕУ со 51%. Треба и да се забележи дека 100% од Унгарците, 100% од Португалците, и 99% од Грците државниот јазик го зборуваат како нивен мајчин јазик.
Познавањето на странскиот јазик варира од држава во држава, како што покажува табелата подолу. Трите најзастапени странски јазика се англискиот, германскиот и францускиот.
Земја | Англиски како јазик поинаков од мајчиниот јазик |
Германски како јазик поинаков од мајчиниот јазик |
Француски како јазик поинаков од мајчиниот јазик |
---|---|---|---|
Белгија | 59% | 27% | 48% |
Бугарија | 23% | 12% | 9% |
Чешка | 24% | 28% | 2% |
Данска | 86% | 58% | 12% |
Германија | 56% | 9% | 15% |
Естонија | 46% | 22% | 1% |
Грција | 48% | 9% | 8% |
Франција | 36% | 8% | 6% |
Ирска | 5% | 7% | 20% |
Италија | 29% | 5% | 14% |
Кипар | 76% | 5% | 12% |
Латвија | 32% | 14% | 2% |
Литванија | 39% | 19% | 1% |
Луксембург | 60% | 88% | 90% |
Унгарија | 23% | 25% | 2% |
Малта | 88% | 3% | 17% |
Холандија | 87% | 70% | 29% |
Австрија | 58% | 4% | 10% |
Полска | 29% | 19% | 3% |
Португалија | 32% | 3% | 24% |
Романија | 29% | 6% | 24% |
Шпанија | 27% | 2% | 12% |
Словенија | 57% | 50% | 4% |
Словачка | 32% | 32% | 2% |
Финска | 63% | 18% | 3% |
Шведска | 89% | 30% | 11% |
Обединето Кралство | 7% | 9% | 23% |
Проширување и земји кандидати: | |||
Хрватска | 49% | 34% | 4% |
Турција | 17% | 4% | 1% |
Source: [7]
56% од граѓаните во ЕУ земјите членки се способни да водат разговор на некој јазик поинаков од нивниот мајчин јазик. Ова е за 9 повеќе отколку во 2001 меѓу 15 земји членки на тоа време [8]. 28% од испитаниците велат дека на два јазика подеднакво можат да водат разговор. Сепак, речиси половината од испитаниците, 44%, признаваат дека не познаваат ниеден друг јазик освен нивниот мајчин јазик.
Англискиот најшироко се користи во земјите од ЕУ. 38% од граѓаните сметаат дека имаат доволно познавање за да водат разговор на англиски јазик (не сметајќи ги граѓаните на Обединетото Кралство и оние на Ирска каде тој јазик е мајчин јазик). 14% од Европејците велат дека освен англиски зборуваат и француски или германски. 77% од ЕУ граѓаните сметаат дека нивните деца треба да го изучуваат англискиот јазик кој е јазик број еден во ЕУ.
Вкупно, англискиот се зборува како мајчин или како англиски со 51%, а потоа германски со 32% и француски со 28%.
Со проширувањето балансот меѓу францускиот и германскиот јазик полека се менува. Јасно е дека повеѓето од новите гражани од земјите членки владеат германски (23% споредено со 12% во ЕУ15) додека послабо владеат со францускиот и со шпанскиот (3% и 1% споредено со 16% и 7% во ЕУ15 групата). Исклучок е Романија, каде 24% од популацијата зборува француски како странски јазик споредено со 6% кои зборуваат германски (исто така 4% од популацијата зборува италијански, додека 3% зборуваат шпански како странски јазик).[1] Друг извор вели дека 18-23% од целата популација во Романија зборува француски, 9% италијански, 7% германски и 5% шпански.[2]
Вреди да се спомене дека јазичните вештини се врзани со географското поднебје на Европа. Подобри јазични вештини се забележани кај помалите држави. Таков е на пример случајот со Луксембург каде 92% зборуваат најмалку два јазика. Кај оние што живеат во земјите членки со најзастапените јазици вештините на познавање странски јазик се значајно помали во процент. Исто така, само 5% Турци, 13% Ирци 16% Италијанци владеат најмалку два странски јазика, не сметајќи го нивниот. „Повеќејазичната“ Европа е млада, добро образована популација или сè уште во тек на образование.
Бесплатното ушење на јазиците (26%), флексибилност на јазичните курсеви (18%) и можноста да се изучува јазикот во земјата каде истиот се зборува (17%) се сметаат за трите најзначајни влијанија за поттикнување на учењето странски јазици. Групните лекции со наставник (20%), лекции на училиште (18%), учење јазик со поединечен пристап и често посетување на земјата во кој тој се зборува се сметаат за најдобри начини за изучувањето на јазиците.
Статусот на другите јазици
[уреди | уреди извор]Доставен е предлог дека од карактерот на сојузот следи дека секоја земја членка може да истакне само еден службен јазик. Ова сè уште не е потврдено со документи.
Шпанската и ирската влада побарале статус на службен јазик на ЕУ за следниве јазици: баскискиот, каталонскиот, галисискиот и ирскиот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Европски јазици
- Европски комесар за повеќејазичност
- Европски ден на јазиците - 26 септември
- Јазични теми поврзани со еврото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Special Eurobarometer 243 / Wave 64.3 - Europeans and their Languages (Fieldwork: November – December 2005; Published: February 2006
- ↑ Outsourcing IT în România Архивирано на 6 декември 2008 г., Asociaţia Patronală a Industrie de Software şi Servicii (Owners Association of the Software and Service Industry), retrieved 13 ноември 2005
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Порталот за јазици на EUROPA: EUROPA е мрежното место портал на Европската Унија (http://europa.eu). „Овозможува најнови информации за работите на Европската Унија и витални информации за евроинтеграцијата. Корисниците исто така може да се консултираат за легислацијата моментално во сила или под дискусија, да пристапат на мрежните места на секоја од институциите на ЕУ и да откријат за политиките администрирани од Европската Унија под моќта која им е доделена со Договорите.“ Порталот за јазици на EUROPA е посветен под-мрежно место на EUROPA за јазици и повеќејазичност.
- Јазици во Европа Архивирано на 19 јуни 2006 г.
- Интеринституционален водич на стилот за Европската Унија
- Eurolang - Малцински јазици во Европската Унија
- Европско биро за помалку користени јазици (EBLUL): „Европското биро за помалку користени јазици (EBLUL) е демократски-управувана невладина организација (НВО) која ги промовира јазиците и јазичната разновидност. Таа се заснова на мрежа на комитети на земјите членки (MSC) во сите 'стари' 15 ЕУ земји членки и многу од новите земји членки кои се приклучиле кон ЕУ во мај 2004.“
- Славење на разновидноста но со мамурлак Архивирано на 27 јуни 2006 г.
- Глобален јазичен систем Архивирано на 27 јуни 2006 г. (во врска со ЕУ)
- Minola - Малцински јазици во Европската Унија
Службени јазици на Европската Унија | ||
---|---|---|
Англиски | Бугарски | Германски | Грчки | Дански | Естонски | Ирски | Италијански Латвиски | Литвански | Малтешки | Полски | Португалски | Романски | Словачки | Словенечки Унгарски | Фински | Француски | Холандски | хрватски | Чешки | Шведски | Шпански | ||
Извор: Мреж. место |