Јазици во Киргистан
| Официјален јазик | Киргиски (национален/државен јазик) Руски (официјални и меѓуетнички)[1] |
|---|---|
| Главен јазик | Киргиски јазик |
| Домороден јазик | Дијалекти на Киргискиот јазик |
| Малцински јазик | таџикистански; Узбекистански; ујгурски |
| Главен доселенички јазик | Турски јазик |
| Главен странски јазик | Англиски; Арапски (со појавата на исламот); Кинески; Француски |
| Знаковен јазик | Руски знаковен јазик[се бара извор] |
| Положба на тастатурата | |
| Извор | [2] |
| Азбука | Киргистанска азбука Киргистанско Брајово писмо |
| Демографија на Киргистан | |
Официјални јазици во Киргистан се киргиски и руски јазик. Киргистан е една од четирите поранешни советски републики во Централна Азија кои го имаат рускиот како де јуре официјален јазик. Киргискиот јазик бил усвоен како официјален јазик во 1991 година. По притисокот од руското и другите малцинства во земјата, републиката го усвоила и рускиот како официјален јазик во 2000 година, па таа станала официјално двојазична земја.[3]
Официјални јазици
[уреди | уреди извор]
Јазиците на владата во Киргистан се рускиот како официјален и меѓуетнички јазик и киргискиот како државен/национален јазик.
Киргискиот јазик е турски јазик од кипчачката гранка, тесно поврзан со казашкиот, каракалпачкиот и ногајскиот јазик. Се пишувал со арапска азбука до дваесеттиот век. Латинското писмо било воведено и усвоено во 1928 година, а потоа било заменето по наредба на Сталин со кирилично писмо во 1941 година. Како резултат на јазичната реформа во соседен Казахстан, Киргистан за неколку години станал единствената независна земја од туркиско говорно подрачје, која исклучиво го користи кириличното писмо. Според пописот од 2009 година, 4,1 милиони луѓе зборувале Киргиски како мајчин или втор јазик и 2,5 милиони зборувале руски како мајчин или втор јазик, при што 482.000 конкретно се идентификувале како мајчин јазик.[4][5]
Руските ТВ-медиуми уживаат огромна популарност во Киргистан, особено во Бишкек и Чујската област. Руските медиуми имаат огромно влијание врз јавното мислење во Киргистан, особено во областите како што се човековите права и меѓународните политички случувања.[6]
Образование
[уреди | уреди извор]Проследено со револуцијата на лалињата во 2005 година, преку образовните реформи во 2007 година се барало киргискиот јазик да стане задолжителен предмет во не-Киргиски училишта, а рускиот да стане задолжителен предмет во училиштата со наставен јазик различен од рускиот.[4]
Јазици на малцинствата
[уреди | уреди извор]Узбечиот јазик го зборуваат приближно 850 илјади жители на Киргистан и е втор најзборуван мајчин јазик, пред рускиот и зад киргискиот.[7]
Во 2011 година, Алмазбек Атамбаев победил на силно оспоруваните избори обележани со нерегуларности од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОСЕК). Владата на Атамбаев последователно им забранила на матурантите да полагаат екстерни предмети на узбечки или на кој било јазик различен од киргискиот или рускиот.
Јазиците по број на говорници
[уреди | уреди извор]| Јазик | Број на говорители на кои им е мајчин јазик | Говорители на втор јазик | Вкупно говорители |
|---|---|---|---|
| Киргиски | 3.830.556 | 271.187 | 4.121.743 |
| Руски | 482.243 | 2.109.393 | 2.591.636 |
| Узбечки | 772.561 | 97.753 | 870.314 |
| Англиски | 28.416 | 28.416 | |
| Француски | 641 | 641 | |
| Друго | 277.433 | 31.411 | 308.844 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Kyrgyzstan's Constitution of 2010 with Amendments through 2016“ (PDF). Constitute Project. Посетено на 2 September 2020.
- ↑ „To hear the world through the sign language, to see the world through the finger tips | United Nations Development Programme“. UNDP.[мртва врска]
- ↑ „Закон КР от 29 мая 2000 года № 52 Об официальном языке Кыргызской Республики“. Централизованный банк данных правовой информации Кыргызской Республики.
- 1 2 McDermott, Ashley (2019). „The Linguistic Landscape of Post-Soviet Bishkek“. Region. 8 (2): 227–256. ISSN 2166-4307.
- ↑ „To hear the world through the sign language, to see the world through the finger tips | United Nations Development Programme“. UNDP.[мртва врска]
- ↑ „Major Russian TV Channel Sidelined in Kyrgyzstan - Jamestown“.
- ↑ „'Only Kyrgyzstan in Central Asia insists on Cyrillic' — Tokayev - News of Kyrgyzstan, press and media“.