Јади, моли се, љуби (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Јади, моли се, љуби“
РежисерРајан Марфи
ПродуцентБред Пит
Деде Гарднер
Џереми Клејнер
Стан Влодковски
Табрез Нурани
РаскажувачЏулија Робертс
НастапуваатЏулија Робертс
Хавиер Бардем
Били Крадап
Ричард Џенкинс
Виола Дејвис
Џејмс Франко
МузикаДарио Марианели
КинематографијаРоберт Ричардсон
МонтажаБредли Бекер
СтудиоPlan B Entertainment
ДистрибутерSony Pictures
Премиераавгуст 13 2010 (2010-08-13)
Времетраење133 минути[1]
ДржаваШаблон:Film US
ЈазикАнглиски
Италијански
Буџет$60 милиони[2][3]
Бруто заработка$203,031,085

Јади, моли се, љуби (со работен наслов „Доблестите на животот“) е американски филм (комедија-драма), снимен во 2010 година, во кој главната улога ја игра Џулија Робертс. Филмот е снимен според истоимените мемоари на Џилберт Јади, моли се, љуби.

Содржина[уреди | уреди извор]

Елизабет Џилберт (Џулија Робертс) го има она што се смета за добар живот: сопруг, куќа, добра работа, но сепак се наоѓа себеси незадоволна од таквиот живот, изгубена и збунета, и тргнува во потрага по она што навистина го сака. Ги презема првите чекори: се разведува и тргнува на пат околу светот. Всушност нејзиното патешествие се состои од три клучни земји: Италија, каде го учи јазикот и ја задоволува својата глад за италијанската храна, потоа Индија, каде поминува неколку месеци во будистички храм и учи да се моли и да медитира, и на крајот оди во Бали, каде учи да ја најде рамнотежата во животот. Таму го сретнува и човекот кој е вистинска љубов за неа.[4]

Улоги[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Филмот доживеал претежно лоши критики во Италија.[5][6][7] Во Бразил, критиката се однесувала повеќе на говорот на актерот Хавиер Бардем, кој е Шпанец, а во филмот глуми Бразилец кој зборува лош португалски јазик.[8]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. „Eat Pray Love (2010)“. IMDb. 2010-12-01. конс. 2010-12-01. 
  2. Fritz, Ben. „Movie projector: Stallone's 'Expendables' to blow away 'Eat Pray Love' and 'Scott Pilgrim'“, „Los Angeles Times“, Tribune Company, 12 август 2010 (посет. 12 август 2010 г).
  3. „Eat Pray Love“. Box Office Mojo. IMDb Inc. конс. 2010-09-30. 
  4. Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 15.
  5. Tornabuoni, Lietta. „Lietta Tornabuoni: Eat Pray Love Review“. L'Espresso. 
  6. Ferzetti, Fabio. „Fabio Ferzetti: Eat Pray Love Review“. Il Messaggero. 
  7. Romani, Cinzia. „Cinzia Romani: Eat Pray Love Review“. Il Giornale. 
  8. Cinema em Cena

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: