Прејди на содржината

Јагуарунди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јагуарунди, црвеникава варијанта
Јагуарунди, сива варијанта

Јагуарунди ( латински: Herpailurus yagouaroundi) е вид на цицач од семејството на мачки.

Јагуарунди има кратки нозе и долга опашка. Должина на телото е 65 цм,а на опашката е 45 цм. Во однос на бојата, јагуарунди може да биде со сива или црвенкаста боја. Поради тоа, порано се сметале како два одвоени вида, од кои само сивите примероци биле сметани за јагуарунди.

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на јагуарунди опфаќа голем број земји во Јужна и Централна Америка.

Видот го има во Бразил, Аргентина, Мексико, Колумбија, Парагвај, Венецуела, Перу, Еквадор, Боливија, Панама, Никарагва, Костарика, Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Белизе, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана .

Видот можеби е исчезнат во САД, а неговото присуство е непотврдено во Уругвај.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Живеалишта на видот се шуми, мочуришта, савани, подрачја со тревна вегетација и пустини.

Загрозеност

[уреди | уреди извор]

Овој вид не е загрозен поради тоа што има широка распространетост.

Литература

[уреди | уреди извор]