Јаболкница (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јаболкница (англиски: The Apple Tree) е книга од англискиот писател Џон Голсворди, објавена на македонски јазик во април 1963 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“, како дел од библиотекатаГалеб“.

Технички податоци и содржина[уреди | уреди извор]

Книгата има 120 страници, не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN. Таа била отпечатена во април 1963 година, во печатницата „Нова Македонија“ во Скопје, во тираж од 3.000 примероци. Преводот на книгата го направил Томе Момировски, лектурата на текстот ја извршил Илија Корубин, коректурата ја направила Љупка Лазарова, а нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Димитар Кондовски.
Во книгата се застапени два подолги прозни текста: новелата „Јаболкница“ и извадок од познатото дело на Голсоворди „Сага за Форсајтите“ под насловот „Спасувањето на еден Форсајт“. На крајот на книгата се наоѓа и кратка белешка за писателот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Џон Голсворди, Јаболкница, Скопје: Кочо Рацин, 1963.